Сите сме слушнале за аронијата која ја нарекуваат и храна на боговите, но и намирница на иднината, а нејзините здравствени придобивки се навистина бројни.
Аронијата ефикасно го чисти човечкото тело од штетни материи и тешки метали и затоа е корисна превенција од малигни заболувања. Токму затоа и се користела после експлозијата во Чернобил, имено, за ублажување на последиците од зрачењето, во што била повеќе од успешна, а за таа примена се користи и денес.
Исто така, откриено е дека аронијата има антиканцерогени ефекти затоа што во голем процент ги „убива“ малигните клетки на туморите на мозокот, белите дробови, градите, дебелото црево и црниот дроб.
Како исклучителен антиоксиданс, аронијата спречува формирање на слободни радикали и „напад“ врз здравите клетки во телото и крвната плазма, со што се забавува процесот на стареење на организмот и се спречува развој на хронични заболувања.
Аронијата има најголемо антиоксидативно дејство помеѓу сите зрнести и јаткасти плодови.
Лековито дејство на аронијата
Аронијата е богата со антиоксиданти, флавоноиди, минерали во трагови, фолна киселина и витамини Б, Ц и Е.
Поради високата содржина на антиоксиданти и витамини Ц и Е, аронијата има антивирусно, антибактериско и антиинфламаторно дејство.
Аронијата е богата со антиоксиданс антоцијанин кој го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од рак и го забавува стареењето.
Аронијата благотворно делува врз работата на желудникот. Ја стимулира тироидната жлезда, па затоа е особено препорачлива за лица со хипотироидизам.
Аронијата спречува развој на кардиоваскуларни заболувања. Го намалува високиот крвен притисок и холестеролот и го стимулира производството на добар холестерол.
Аронијата го стимулира црниот дроб, помага при камења во жолчката и воспаление на жолчното кесе.
Исто така, има корисен ефект врз нашиот дигестивен систем – ги намалува грчевите и болката во цревата, го намалува воспалението на цревната слуз и ја запира дијарејата.
Аронијата е корисна и при воспаление на уринарниот систем.
Ова овошје можеме да го најдеме во многу производи за слабеење, бидејќи помага да се одржи идеална телесна тежина.
Аронијата ја подобрува меморијата и концентрацијата и го регулира нивото на шеќер во крвта.
Како се консумира?
На пазарот има многу производи од аронија, како сок или чај, но за делотворен ефект и борба против одредени болести, треба да се консумираат бобинките, и тоа, околу 200-300 грама на ден.
За да се консумира во текот на целата година, аронијата може да се замрзне, да се исуши, од неа се прави џем, сок, сируп, компот, вино, ликер, ракија.
Најдобро е да се пие ладно цеден сок, а доволно е да се испие 1 мала ракиена чашка на ден.
Фото: Pixabay