Ароматична погача со пиво, копар и шарена сол

Филот за оваа погача направете го по ваш избор. Ние ставивме сланина, кашкавал, една кисела краставичка, неколку маслинки, копар и шарена сол

0
297

Состојки:

900 г брашно

2 јајца

200 мл пиво

150 мл јогурт

млака вода по потреба

5 лажици ладно цедено масло од сончоглед

1 лажичка шеќер

1 лажичка сол

1 сув квасец

жолчка, 1 лажица млеко и 1 лажица масло – за премачкување

семки по желба

За филот:

100 г сланина

100 г кашкавал

1 кисела краставичка

10 маслинки

шарена сол и копар

Приготвување:

Загрејте го пивото и додадете му го квасецот, шеќерот и лажица брашно. Ставете го сето ова во подлабок сад и почекајте да се активира.

Во една тепсија замесете средно тврдо тесто од состојките и оставете го да стаса (најмалку половина час).

Во меѓувреме, исечкајте ги состојките за филот.

Тестото поделете го на 2 дела и расукајте кори.

Ставете ја едната кора во подмачкана и набрашнета тепсија, распоредете го филот, поросете со сол и со копар и покријте со другата кора. Завитакајте ги краевите за да не истече филот.

Оставете ја да стасува уште 20 минути, а потоа премачкајте ја, поросете со семки и печете ја на 170 степени околу половна час додека не добие златеста боја.

Покријте ја со крпа и почекајте барем половина час пред да ја исечете.