Ароматизирани коцки мраз за вистинско летно освежување

Она што е особено добро кај овие коцки мраз е што со нив ќе можете да уживате во омилените вкусови такашто ќе ги додадете во чаша обична вода.

0
146

Можете да подготвите коцки мраз во комбинација со вашите омилени вкусови. Овие ароматизирани ледени коцки се идеално освежување во текот на летото.

Во продолжение прочитајте што ви треба за да ги направите овие ароматизирани коцки мраз и како да уживате во нив.

Подготовката на овие коцки е повеќе од едноставна. Сè што ви треба се вашите омилени овошја и вода. Кога ги подготвувате, размислете кои вкусови природно одат заедно.

Предлагаме:

Сите агруми – лимон, лимета, портокал

Цреша – оставете ги дршките, ќе изгледаат поубаво кога ќе се послужат во пијалок.

Лимон и мента – лимон и босилек исто така би биле добра комбинација (или лаванда)

Малина, боровинки и капина

Испробајте ја и комбинацијата на капина, лимета и босилек, во лимонада.

Приготвување:

Првиот чекор е водата. Прво сварете ја и оставете ја целосно да се олади.

Потоа, садови за мраз наредете ги овошките и прелијте ги со вода.

Колку повеќе овошје ќе ставите, толку подобро ќе изгледа.

Со што да ги послужите ароматизираните ледени коцки?
Овие коцки можете да ги користите во сите пијалоци, но одат најдобро со лимонада и со ладни чаеви! Наполнете голем бокал со пијалокот, а потоа додадете ги овие коцки мраз. Пијалокот ќе биде освежувачки, вкусен и убаво ќе изгледа.

Фото: Pixabey