За жал, главната тема во изминатите неколку дена е корона вирусот, а експертите велат дека дезинфекцијата е најдобрата превенција од овој вирус. Во последните два месеци, овој вирус однесе над 4.000 животи и зарази речиси 130.000.
Она што сите многу ги загрижува сега е стапката на ширење на овој вирус па потребни се одредени мерки на претпазливост.
Експертите велат дека дезинфекцијата е многу важна за спречување на вируси. Дезинфекцијата во широка смисла е збир на процедури кои ги отстрануваат, оневозможуваат или уништуваат микроорганизмите до тој степен што не се способни да предизвикаат инфекција.
Дезинфекција на рацете и телото
Истражувањата ширум светот покажаа дека само 34% од луѓето правилно ги мијат рацете. Рацете треба да се мијат пред и по подготовката на храната, контакт со настинати, кивање и кашлање, работа со ѓубре и при влегување во куќата.
Според Светската здравствена организација (СЗО), миењето на рацете е еден од најефикасните методи за спречување на ширењето на вирусот.
Рецепт за средство за дезинфекција на рацете
Зошто да не направите домашно природно средство за дезинфекција на рецете? Најдовме 2 рецепти за вас.
Изопропанол или вотка + алое вера
Потребно ви е:
- Изопропанол (70% етанол не е исто што и изопропанол)
- гел од алое вера
- Чаша за мешање
- вилушка
- инка
- Сад за течен сапун или со распрснувач
Приготвување:
Истурете во сад ⅔ шолја алкохол и ⅓ шолја алое вера гел. Откако добро ќе измешате, добиената течност со инка префрлете ја во садот во кој ќе го чувате средството за дезинфекција.
Ако не можете да набавите изопропанол, можете да користите вотка. Во овој случај, ви треба било која марка вотка, алое вера гел и мало шише од 30 до 60 ml. Прво, пополнете го шишето со вотка до ⅓ од шишето, а остатокот пополнете го со гел од алое вера и добро протресете.
Ако не го поднесувате мирисот на алкохол, можете да додадете 5 до 10 капки есенцијално масло од лаванда.
Дезинфекција на домот и работниот простор
Бидејќи го поминуваме поголемиот дел од времето или дома или на работа, многу е важно да престојуваме во дезинфицирана просторија. Особено е важна дезинфекцијата на елементите што често се допираат – бирото, тастатурата и слично.
Покрај тоа, есенцијалните масла можат да помогнат да се спречи ширењето на вирусот. Етеричните масла се ефикасни кај респираторните вирусни инфекции, заради нивната антивирусна активност и способноста за имуностимулација.
Наместо дифузер, можете да користите марамче (ако на колегите од канцеларијата не им пречи мирисот на есенцијални масла) на кое претходно сте истуриле неколку капки есенцијални масла од лаванда, лимон и рузмарин. Тие го стимулираат имунитетот и имаат антимикробно дејство и помагаат во одржувањето на концентрацијата во текот на денот.
Рецепт за средство за дезинфекција
Лесно можете сами да го направите со помош на есенцијални масла.
Измешајте 1/3 од медицински алкохол и 2/3 дестилирана вода. Додадете 10-15 капки по ваш избор есенцијално масло или мешавина од есенцијални масла во подготвената течност. Медицинскиот алкохол (70%) служи како растворувач на есенцијални масла, кои се нерастворливи во вода, но делува и бактериски затоа што ги уништува клетките на бактериите.
Откако ќе ја подготвите течноста, затворете го шишето со спреј, протресете го и испрскајте ја површината, оставете ја да отстои една минута или две и избришете ја со крпа.
Оцет за дезинфекција на облеката
За искоренување на бактериите, вирусите и грините, важно е облеката да се пере на температури над 40 степени. Ако ја перете облеката на пониски температури, користете средство за дезинфекција покрај детергентот, особено при перењето на облеката на мали деца.
Со оглед на состојбата со коронавирусот, наша препорака е да се користи средство за дезинфекција во текот на сите перења.
Оцетот е безбеден и природен лек за чистење на облеката. Користете го такашто ќе го додадете во машината за перење.
Фото: Pixabey