Овој лек е познат уште одамна, како и неговите здравствени придобивки, меѓу кои се ревитализацијата на организмот и детоксикацијата. Станува збор за мешавина на маслиново масло и лимон.
Маслиновото масло го снабдува организмот со есенцијални масни киселини кои исто така помагаат во борбата против лошиот холестерол.
Старите Грци и Римјани, кои добро ја знаеле вредноста на оваа исклучителна мешавина, со право ја нарекувале течно злато.
Го поттикнува чистењето на организмот
Ако се чувствувате отечено, слабо и уморно, вашето тело веројатно е оптоварено со токсини. Причината може да биде лоша и нездрава исхрана или забавен метаболизам, а тоа е поврзано со преоптоварување на црниот дроб и жолчното кесе.
Оваа едноставна мешавина од маслиново масло и сок од лимон ќе го стимулира метаболизмот и ќе го забрза излачувањето на токсините, ќе ве заштити од штетните ефекти на слободните радикали. Се препорачува една лажица маслиново масло со три капки сок од лимон, секое утро, на празен стомак, веднаш по будењето.
Дури после половина час појадувајте, а по неколку дена ќе се чувствувате бистро и полетно.
Го зачувува здравјето на срцето и крвните садови
Маслиновото масло е богато со есенцијални масни киселини. Овие масти се исклучително важни затоа што ја стимулираат циркулацијата на крвта, а во исто време го отстрануваат вишокот на лош холестерол. Во комбинација со лимон, тие дејствуваат против воспаленијата и му обезбедуваат на организмот важни витамини.
Мешавината од маслиново масло и лимон е подеднакво добра и за возрасни и за деца.
Децата исто така ќе имаат многу придобивки од само една лажичка на ден – подготвена такашто ќе капнете 3 капки сок од лимон во маслиновото масло.
Помага при ревматизам
Оваа мешавина има антиинфламаторни и антиоксидантни својства кои ќе ги смират воспалителните состојби и ќе го намалат оксидативниот стрес.
Ако го користите редовно, секој ден на празен стомак, мешавината од лимон и маслиново масло значително ќе помогне во борбата против артритисот и болката во зглобовите.
Елиминира запек
Комбинацијата на маслиново масло и лимон му помага на желудникот. Делува како моќен антиоксиданс кој му помага на телото полесно да се ослободи од токсините и со тоа побрзо се чисти и регенерира. Започнува варењето и помага да се елиминира сето она што не му треба на вашиот организам.
Помага за слабеење
Масните киселини помагаат да се разложи масното ткиво насобрано особено во пределот на стомакот. Редовната употреба исто така ќе го намали нивото на лош холестерол и триглицериди во крвта.
Рецепт за основна мешавина од маслиново масло и лимон
Состојки:
½ лажица (8 г) маслиново масло
1/2 лажица (5 ml) свеж сок од лимон
Подготовка и употреба:
Измешајте ги двете состојки. Пијте ја смесата половина час пред појадокот. Можете да го користите секој ден.
Препорачаната дневна количина е една лажица.
За да биде што е можно поделотворна, консумирајте ја мешавината најмалку три пати неделно.