Ако огладнете доцна навечер, направете си пуканки

Најдобро е да купите пченка за пуканки, да ја ставите во загреано тенџере со малку масло, да ставите капак, да протресете два-три пати и за неколку минути, вашите грицки се готови

0
416
Пуканките се меѓу најпопуларните ,,грицки” во светот, а најдобро од се, е што се и меѓу најздравите.

Пуканките се добиваат од целите пченични зрна кои се задржани во нивниот природен облик, па поради тоа, сите витамини и минерали, кои главно се наоѓаат во лушпата, се зачувани и во пуканките. Тие содржат витамини B1, B2, B6, железо, магнезиум, фосфор, калиум, цинк, бакар, манган, а истовремено се и еден од најбогатите извори на растителни влакна.

Покрај сите хранливи состојки – витамини, минерали, влакна и антиоксиданси кои му помагаат на организмот во борбата против разни болести, пуканките заситуваат побрзо од рафинираните житарки кои во процесот на преработка ги губат влакната и нутриентите. Научниците дури тврдат дека внесувањето на целовити житарки има врска и со подолг живот, помалку воспаленија и понизок ризик од срцеви болести, тумори, дијабетес и дебелина.

Велат и дека три порции целовити житарки на ден го намалуваат БМИ (индекс на телесна тежина) и салото на стомакот.

Многу научници и нутриционисти се загрижени поради влијанието на ГМО храната на здравјето, особено затоа што таа се уште не е доволно истражена. А ако сакате да избегнете ГМО, на кесичката со пуканки побарајте ги ознаките кои потврдуваат дека не е ГМО или дека се произведени по органски пат.

Но, дали пуканките ќе бидат здрави или нездрави, зависи и од начинот на нивната подготовка. На пример, разните маснотии кои често се користат во пуканките кои се на пазарот како готов производ и оние што се нудат по различни настани можат да ја зголемат калориската вредност на пуканките, а исто така можат и самите да бидат нездрави или оштетени (односно маснотии кои се користат повеќе пати). Покрај маснотиите, на вака подготвените пуканки често им се додаваат и шеќери и сол. Оваа пракса, не само што ќе ја зголеми калориската вредност, туку има и низа други негативни ефекти на организмот. Истите грешки неретко се прават и при подготовката на пуканките во домашни услови.

Најдобро е да купите цели зрна пченка наменета за правење пуканки и да си ги направите сами, во обично тенџере. Подготвувајте ги со многу мала количина масло и не претерувајте со солта.

Загрејте ја ринглата, ставете го тенџерето во кое сте додале малку масло (најдобро е да употребите маслиново помас масло), да ги истурите внатре зрната, да ставите капак, да протресете неколку пати и за само неколку минути, вашите грицки ќе бидат готови. Филмот може да почне.