Ако не знаете што да ручате денес….

Наполнете си пиперки со урда и јајца, испржете ги и има ли нешто повкусно од тоа?!

0
544

Како после да не го сакаме летото?

Има толку многу свежи намирници со кои можеме да ги направиме наједноставните и највкусни јадења. Од свежи салати, па до летна манџа и пиперки полнети со смеса од урда и јајца. Ние додадовме и малку пармезан и ноктец и од страв дека нема да ни стасаат, направивме цело брдо.

Ама вкусни се и ладни.

Кое е вашето омилено летно јадење?