Ако немате леб, јадете погачици

Ако немате леб, а ве мрзи да месите и да чекате да нарасне, направет ги овие лесни и брзи погачици со сирење.

0
589

Овие погачици се спас во последен момент. Брзо се прават, не се месат и се многу многу вкусни.

Состојки:

1 шолја кисело млеко

1 прашок за пециво

2 јаја

1/2 шолја зејтин

130 г сирење

1 ипол шолја брашно

Приготвување:

Се меша киселото млеко, па се додава прашокот за пециво, потоа двете јајца па постепено се додава зејтинот и на крајот, на двапати, и брашното. Се вмешува и сирењето и потоа, со лажица се вади од смесата и се реди врз хартија за печење. Се пече во загреана рерна 15 минути. Може да се случи да ви пораснат и да се спојат една со друга, ама не се ништо помалку вкусни.