Ако ви се преку глава овесните снегулки…

Еве едноставен предлог за вкусен појадок или вечера... Има малку повеќе калории, ама дозволете си понеделнички да ви тргне неделата со нешто убаво и вкусно

0
216

Тестото за оваа пита е лиснато и мудрите стари домаќинки секогаш си имаат по некое замрзнато парче во фрижидерот.

Кога ќе им се најават гости или пак едноставно, ќе им се пријаде пита, го вадат од замрзнувач од вечер и утрото имаат фантастичен појадок.

Филот може да биде со што и да посакате, со праз, со сирење и јајца, или пак со кисела зелка.

Не е толку комплицирано колку што изгледа.

Тестото се прави од:

За подготовка на тестото ќе ви биде потрено:

400 г брашно
1 лажичка сол
вода за замесување
250 г маргарин (или путер)

Се мешаат брашното и солта, а потоа постепено се додава вода и се замесува. Доколку процените дека тестото ви е многу влажно додадете брашно, а доколку е суво зголемете ја количината на вода.

Потоа се расукува со оклагија и се премачкува со 1/3 од маргаринот. Се посипува со брашно, се сече и се преклопува. Се остава парчето во замрзнувач околу 15 минути. Постапката се повторува уште 2 пати додека не се потроши целиот маргарин.

Потоа можете да го направите омилениот фил, да ја наполните кората, да завиткате во ролат и да печете.

Крцкаво и вкусно, а во комбинација со домашно сирење и овчо кисело млеко е добитна комбинација за почеток на неделата.