Ако ве боли глава, јадете капини!

Сите делови на капината се лековити, плодовите помагаат при анемија, го штитат видот и го зајакнуваат имунитетот. Лисјата имаат антибактериско дејство, а во народната медицина се користи и коренот.

0
197

Капините се суперхрана, пред сѐ, поради нивните високо лековити антиоксиданти, како што се антоцијанини, витамин Ц, витамин Е, елагинска киселина, кофеинска киселина, п-кумаринска киселина, рутин, гална и циметна киселина.
Антиоксидансите учествуваат во процесите на спречување на штетните ефекти на слободните радикали и на тој начин помагаат во заштита од рак, го штитат кардиоваскуларниот систем, го забавуваат стареењето на организмот, помагаат во борбата против штетните ефекти на сонцето врз кожата, помагаат во забавување на когнитивните болести (на пр. Алцхајмерова болест).

Капините природно содржат салицилна киселина (активна состојка на аспиринот), која нормално се користи за ублажување на болката, за намалување на температурата и заради антиинфламаторното дејство. Така, ако имате главоболка можете да си помогнете ако изедете една порција свежи капини.
Лисјата од капина имаат антисептички и антигабични својства и состојки за зајакнување на организмот.
Лисјата од капина се користат за лекување на благи случаи на дијареја. Билката е позната и по тоа што го поттикнува искашлувањето.

Фото: Pixabey