Авокадото помага при дерматитис, артритис, срцеви заболувања …

Еве како да го изберете совршениот плод во 5 чекори!

0
163

Во 100 грама авокадо има 160 калории и е богат извор на витамини А, Д, Б12 и Ц, како и калиум и калциум. Маслото од авокадо може да се нарече „омекнувач на кожата“, и како такво може да се користи за сите видови кожни болести, од егзема до дерматитис. Има пријатен мирис, па затоа може да се нанесува директно на погодените делови од телото.

Бидејќи содржи многу маснотии, препорачливо е да го користите во оброци кои не содржат други богати извори на маснотии, па на пример, за да го намалите ризикот од остеопороза, можете само да го згмечите авокадото и да го додадете во јогурт или на немасно сирење.

Исто така, помага при слабеење

Авокадото е исто така богат извор на диетални влакна, кои можат да помогнат при слабеење, како и да влијаат на нивото на шеќер во крвта. Во 100 грама авокадо, има 7 грама влакна, што сочинува дури 27 проценти од препорачаната дневна количина.

Од мноштвото плодови на пазарот, изберете го најдоброто!

Еве како да изберете совршено овошје во 5 чекори!
Земете го овошјето во рака – ако ја чувствувате неговата тежина, тоа значи дека е зрело
Нежно притиснете го – зрелото овошје мора да биде цврсто со само малку попуштање
Проверете ја текстурата на кожата – таа мора да биде напната, без вдлабнатини

Зрелиот плод од авокадо има темна нијанса, прошарано со зелени делови
Доколку имате дома плод кој не е созреан целосно, ставете го во хартиена кеса 2-5 дена. Додадете една банана или јаболко за да го забрзате процесот на зреење.

Истражувањето објавено од Американската асоцијација на нутриционистички науки покажало дека маслото од авокадо и авокадото му помагаат на организмот подобро и повеќе да ги апсорбира хранливите материи од другите овошја и зеленчуци.

Додавањето авокадо или масло во салати и сосови ја зголемува апсорпцијата на антиоксиданти, пред сѐ, каротеноиди, фитонутриенти. Намирниците што содржи каротеноиди се најчесто со портокалова и зелена боја и имаат благотворно дејство врз здравјето на очите.

Фото: Pixabay