Ѓумбирот, куркумата, циметот и лукот спречуваат создавање на тромби

Ако сте и вие меѓу прележаните 'коронаши', добро би вило во вашето дневно мени да вклучите храна што помага за разредување на крвта. Познато е дека еден од симптомите после прележана корона е згрутчувањето на крвта.

0
175

Еден од симптомите после прележана корона е згрутчувањето на крвта. Ако сакате да ја „разредите крвта“, најдобро би било во својата исхрана да ги внесете овие намирници и да ги зачувате крвните садови.

Ѓумбир

Ѓумбирот е познат по своите антивирусни и други моќни ефекти. Коренот на ѓумбир има уште едно скапоцено својство – разредување на крвта. Коренот содржи соединение кое го отстранува холестеролот во плаките и ги раствора згрутчувањата на крвта, ја нормализира циркулацијата на крвта во мозокот и ги зајакнува артериите. Корисно е во лекувањето на атеросклероза во комбинација со други терапевтски мерки.

Куркума

Куркумата е природен антикоагуланс. Има способност да ја разредува крвта и да го намалува срцевиот притисок, што е погодно за оние кои страдаат од хипертензија.

Лук

Лукот содржи биолошки активни соединенија кои го намалуваат вискозноста, спречуваат лепење на црвените крвни зрнца вклучени во процесот на згрутчување на крвта – тромбоцити. Сето ова ја минимизира веројатноста за згрутчување на крвта. Ако јадете три чешниња лук секој ден, можете да ја активирате ресорпцијата на крвните згрутчувања.

Цимет

Циметот е моќен антикоагуланс поради содржината на кумарин. Додавањето цимет во чајот е многу корисно, бидејќи може да помогне во намалување на веројатноста и напредокот на кардиоваскуларните заболувања.

Каенски пипер

Каенскиот пипер има позитивен ефект врз васкуларниот систем на организмот, овозможувајќи им на вените, артериите и капиларите да ја вратат потребната еластичност. Оваа намирница го активира протокот на крв, го забрзува разредувањето на крвта и целосниот проток на крв во екстремитетите.

Зелен чај

Исклучително е богат со природни антиоксиданти – полифеноли. Ова помага да се заштити телото од предвремено стареење. Катехинот во зелениот чај има тенденција да ја разредува крвта, со што се намалува веројатноста за појава на згрутчување на крвта во артериите, подобрување на васкуларниот тонус и намалување на крвниот притисок.

Фото: Pixabay