Што ќе се случи во вашето тело ако јадете еден морков на ден?

Сите нутриционисти ќе се согласат со изјавата дека морковот е многу здрав. Богат е со витамини А, Ц, К и Б8, како и со фолати, калиум, железо, бакар и манган. Сепак, повеќето корисни својства на морковот потекнуваат од неговото богатство со бета каротен и растителни влакна.

0
430

Свежи моркови може да се најдат во текот на целата година, не се скапи, а може да ги јадете во сирова состојба или како додаток на јадењата.

Еве ги сите начини на кои еден морков на ден ќе влијае на вашето здравје.

1. Го поправа видот

Најважното влијание што го има морковот врз здравјето е тоа што позитивно влијае на видот. Овој зеленчук е богат со витамин А, кој има директно влијание врз нашиот вид. Покрај тоа, бета каротенот во морковот штити од дегенерација на макулата, глауком и катаракта.

2. Ве штити од рак

Друга многу важна здравствена придобивка од морковот е превенцијата од рак. Ова се должи на антиоксидативната моќ на каротеноидите, кои спречуваат развој на слободни радикали во организмот. Покрај тоа, морковот го зајакнува имунитетот и отпорноста кон многу болести. Овој зеленчук содржи и полиацетилени и други компоненти кои го забавуваат развојот на рак.

Редовното консумирање моркови го намалува ризикот од рак на белите дробови, дебелото црево и простатата.

3. Спречува развој на кардиоваскуларни заболувања

Морковот особено се препорачува за луѓе кои имаат висок крвен притисок и страдаат од срцеви заболувања. Тој содржи бета-каротен, алфа-каротин и лутеин, кои се антиоксиданси што го регулираат нивото на холестерол и го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

4. Позитивно влијае на вашето орално здравје

Морковот е одличен за здравјето на устата. Додека го грицкате овој крцкав зеленчук, ги вадите остатоците од забите и ги храните непцата. Покрај тоа, морковот го стимулира лачењето на плунка, што го враќа нивото на киселост во рамнотежа и спречува појава на кариес. Овој зеленчук е исто така богат со витамин Ц, кој позитивно влијае на здравјето на забите и непцата.

5. Го штити здравјето на црниот дроб

Овој вкусен зеленчук може да го заштити вашиот црн дроб од токсини. Високото ниво на витамин А во морковите игра важна улога во исфрлањето на токсините од телото. Покрај тоа, морковот ги намалува масните наслаги во црниот дроб, додека влакната помагаат во чистење на црниот дроб. Редовното консумирање го намалува ризикот од хепатитис, цироза и холестаза.

6. Ја чува кожата

Поради фактот што е богат со витамин А и други антиоксиданти, морковот е многу добар за здравјето и изгледот на кожата. Овој зеленчук ја штити кожата од штетните ефекти на сончевите зраци и го поправа оштетеното ткиво. Затоа можете да пиете сок од морков во текот на летото, и тој ќе делува како природна заштита за вашата кожа.

Покрај тоа, морковот обезбедува убав тен, спречува појава на акни и го изедначува тенот.

Можете и сами да направите маска од морков за здрава и сјајна кожа на лицето. Едноставно измешајте две лажици рендан морков со малку мед и нанесете на лицето и вратот. Почекајте да се исуши, а потоа исплакнете.

7. Го подобрува варењето на храната

Крцкавиот зеленчук содржи голема количина диетални влакна, што позитивно влијае на работата на органите за варење. Редовното консумирање моркови ќе спречи надуеност, запек и киселини.

8. Заштитува од мозочен удар

Според студијата спроведена од научници од универзитетот Харвард, луѓето кои редовно јадат моркови имаат 68 проценти помал ризик од мозочен удар.

9. Го регулира нивото на шеќер во крвта

Морковот е богат со шеќер, но сепак е здрав избор за луѓето кои страдаат од дијабетес. Природниот шеќер во морковот е лесен за обработка. Каротеноидите кои се наоѓаат во овој зеленчук помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

10. Го одложува појавувањето на знаци на стареење

Ако сакате да одржите младешки изглед, јадете барем еден морков на ден. Овој зеленчук е познат по својата моќ против стареењето. Имено, богатството на бета-каротен ги штити клетките во организмот од оштетување. Исто така, бидејќи се богати со витамин Ц, морковите го стимулираат развојот на колаген, што ѝ дава еластичност на кожата и спречува појава на брчки.

Фото: Pexels