Што се тоа микросалати?

Кога некој ќе каже микросалата, што прво ви паѓа на ум? Се разбира, нешто вкусно, крцкаво и богато со хранливи материи. И знаете, нема ништо полесно и побрзо за одгледување во домашни услови.

0
761

Можеби мислите дека микро-зелените салати се исто што и никулците, можеби ви асоцира на „бебешка“ верзија од растението, или ја перцепирате само како украсна билка.

За што станува збор?

Микро-зелените салати се семки од јадлив зеленчук и лековити билки, кои растат еден чекор повеќе од никулците. Се берат веднаш над тлото, а се консумираат листовите и стебленцата.

Микро-зелените салати се супер храна, со заштитна обвивка полна со витамини и хранливи материи. Колку е здрава и корисна во кујната зборува и фактот дека е вклучена во јадењата на многу готвачи уште од 80-тите, особено руколата.

Се добива едноставно: густо го сеете семето, добро залејте го и чекајте да никне, па после 10 до 15 дена (во зависност од видот) наберете и консумирајте.

Истражувањата покажале дека микро зеленчукот има од 4 до 40 пати повеќе витамини и хранливи материи во однос на нивните „позрели колеги“.

Вкусот на микросалатите може да биде сладок, лут, па и благ, во зависност од видот.

Зошто треба да ги насадиме и да ги консумираме?

Можете да засадите голем број на растенија на мал простор. Чини малку и не трае многу време. Тоа е одлично решение за модерните семејства кои немаат време или простор за поголема градина.

Сè што ви треба е лесен и плиток сад.

Ќе имате свежо зеленило за салата, сендвичи или за супа на дофат на рака.

Содржи лесно сварливи витамини, минерали и фитонутриенти кои се многу здрави и вкусни и имаат интересна боја и форма.

Можете да ги користите како декорација.

Многу видови по бербата можат повторно да пораснат и наскоро ќе можете пак да го „зачините“ вашиот оброк со микрозеленило.

Фото: Pixabey