Што е поосвежително од домашен сладолед од лимон?

Идеален за топлите денови, сладоледот од лимон може да биде одличен избор за ужина, особено ако го подготвите во сопствената кујна.

0
229

Овој сладолед ќе го обожавате не само поради неговиот вкус, туку и затоа што е можеби наједноставниот сладолед за подготовка. И тоа е суштински адут во жешките летни денови.

Состојки:

250 мл слатка павлака

200 мл млеко

120 мл сок од лимон

1 непрскан лимон

150 г шеќер

Приготвување:

Ова е можеби наједноставниот сладолед за подготовка: во блендер измешајте кора од непрскан лимон со шеќерот, потоа додадете сок од лимон, млеко и слатка павлака и продолжете да мешате некое време додека не добиете компактна смеса.

Кога смесата добро ќе се излади, ставете ја во широк и низок сад, а потоа во замрзнувач три до четири часа, но промешувајте ја на секои 30 минути.

По четири часа извадете го кремавиот и освежителен сладолед и послужете.

Фото: Freepik