Што е поздраво, сувото или свежото овошје?

Во секојдневната исхрана многу често забораваме на сувото овошје чија сезона трае цела година. Дебатата за тоа дали свежото овошје е подобро од сувото, е сè уште активна тема.

0
386

Често се претпоставува дека свежото овошје е несомнено подобро од сушеното, но сепак, вистината е посложена.

При избор на свежо или суво овошје, треба да се земат предвид различните фактори. Свежото и суво овошје имаат многу заеднички придобивки за здравјето, но се разликуваат во количината на витамини и минерали.

Што е суво овошје?

Во својот основен облик, сувото овошје е овошје чија влага е отстранета со процес на дехидрација.

Ако овошјето се суши природно, треба да ги содржи сите витамини и минерали што може да се најдат во свежото овошје. Може да се добие и по хемиски пат со додавање на конзерванс (сулфур диоксид кој ја задржува светлата боја на овошјето) или дополнителен шеќер.

За да се консумира здраво суво овошје, при купување потребно е да се обрне внимание на состојките и процесот на сушење.

Сувото овошје е безбедна и здрава храна во која хранливите состојки се концентрирани повеќекратно, а енергетската вредност е за 6 пати поголема во однос на свежото овошје, па затоа треба да се консумира во помали количини.

Терминот суво овошје главно се однесува на:

сливи,
смокви,
кајсии,
јаболка,
банани,
суво грозје,
брусница,
урми,
егзотично овошје како ананас, манго и папаја.

Сувото овошје е одличен извор на микроелементи, влакна и антиоксиданти

Сувото овошје е исклучително хранливо. Едно парче суво овошје содржи иста количина на хранливи состојки како и свежото овошје.

Сувото овошје содржи три пати повеќе влакна и минерали отколку свежото, такашто мала порција сушено овошје содржи препорачана дневна доза на витамини, минерали и фолна киселина.

Покрај тоа, одличен извор е на антиоксиданти, особено полифеноли, што доведува до:

подобрување на крвниот притисок,
подобар дигестивен систем поради количината на влакна,
намалување на ризикот од многу болести.

Студија на шпански научници, објавена во 2017. година во списанието Nutrients, покажува дека поради неговиот нутритивниот состав, сувото овошје може да помогне во контролата на нивото на гликоза и инсулин во крвта, што може да биде корисно кај пациенти кои страдаат од дијабетес тип 2.

Сувото овошје е вистинска ризница на минерали и витамини:

калиум,
магнезиум,
калциум, цинк
железо,
витамини А, Б (Б1, Б2, Б3 и Б6) и Ц.

Витамините често може да се изгубат во процесот на сушење, бидејќи тие се термолабилни, па нивната концентрација во сувото овошје е помала отколку во свежото.

Во однос на нивната хранлива вредност, се издвојуваат следниве:

суво грозје,
кајсии,
сливи,
урми.

Сувото грозје, сливите и смоквите содржат бакар кој е важен за формирање на црвени крвни клетки и синтеза на крвниот пигмент (хемоглобин). Се препорачува за луѓе кои страдаат од замор и анемија.

Сепак, сувото овошје содржи многу калории и е концентрирано со шеќер, затоа не се препорачува да се консумираат многу големи количини за кратко време.

Исто така, избегнувајте суво овошје што се пржи во длабоко масло или во кое има додадено шеќерни сосови, предупредуваат експертите од здравствениот портал Harvard Health.

Суво грозје

Сувото грозје можеби не изгледа најатрактивно, но дава голем број здравствени придобивки. Тие содржат диетални влакна, калиум и многу антиоксиданти, а во исто време имаат низок гликемиски индекс.

Истражувањата покажаа дека сувото грозје може:

да го снижи крвниот притисок,
да го намалат апетитот,
да го намалат нивото на ‘лош’ холестерол,
да ги намалат воспалителните процеси во телото.

Суви кајсии

Сувите кајсии содржат витамини од групата Б, витамин Ц, калиум, фосфор, витамин А, како и исклучително висока концентрација на железо, па затоа се многу корисни за анемични лица.

Суви сливи

Сувите сливи помагаат при варењето на храната, бидејќи се богати со калиум, витамин А и разни минерали кои се одговорни за активирање на ензимите во дигестивниот систем.

Тие имаат лаксативно дејство и го подобруваат варењето на храната поради високата содржина на диетални влакна и шеќерен алкохол сорбитол. Поради антиоксидансите што ги содржат, тие можат да помогнат во борбата против „лошиот“ холестерол и болестите на циркулаторниот систем.

Урми

Урмите се одлична замена за слатките, бидејќи имаат низок гликемиски индекс, односно полека го ослободуваат шеќерот, што го одржува нивото на енергија подолго време.

Тие содржат диетални влакна, железо и калиум и многу антиоксиданти.

Сувото овошје најдобро се консумира за појадок или како десерт после ручек.

Фото: Pexels