Што да јадете и како да се однесувате пред и по вакцинирањето против ковид-19

Постојат некои работи што можете да ги направите за да ги намалите несаканите ефекти по вакцинирањето против ковид-19, а многу од нив имаат врска со вашата исхрана. На пример, доколку јадете месо, веднаш вклучете ја во исхраната пилешката супа, бидејќи лесно се вари и го хидрира организмот.

0
563
Еве неколку ајурведски совети за тоа како треба да се храните и како да се однесувате пред и после вакцинирањето против ковид-19, без оглед на тоа за која вакцина станува збор. На тој начин ќе му дадете најдобра шанса на имунитетниот систем да реагира на соодветен начин.

Според Центарот за контрола и превенција на болести, несаканите ефекти на вакцините може да вклучуваат: болка, црвенило и оток на местото на инјектирање, како и можна треска, главоболка, замор, гадење и болка во мускулите. Овие симптоми се всушност добар знак дека вашето тело гради имунитет и тие обично ќе поминат за неколку дена (ако не запрат по овие неколку дена, јавете се кај вашиот лекар). Но, постојат мали чекори што можете да ги преземете за да ги намалите овие несакани ефекти, а многу од нив имаат врска со вашата исхрана. Утринска лесна јога и техники за дишење се препорака која веднаш го оксидира телото и го зголемува имунитетот. Имајте лесен појадок Кичари или некоја овесна каша со многу овошје. 

„За да ја избегнете непријатноста, што е особено можно по втората доза на вакцината,  потребен е соодветен одмор и спиење, а секако и лесни јога вежби или лесно пешачење во природа“, советува д-р Авишек Мишра, ајурведски лекар, кој често не посетува во Македонија.

Тој има неколку едноставни препораки што треба, а што не треба да се прави во однос на храната и пијалоците. Често користете чај од ѓумбир, куркума и кардамом кои имаат силни антиинфалматорни својства и се одличен и безбеден традиционален лек за проблемите кои се јавуваат во гастроинтестиналниот тракт. Сите знаеме дека поради својата важност за организмот дигестивниот тракт се нарекува уште и втор мозок. Кога тој не функционира како што треба сето тело е во дисфункција. За ова е најпрепорачливо да си направите чај од ѓумбир, а едноставниот рецепт може да го најдете тука. Постојано правете детоксикација на телото. Избегнувајте го земањето на белиот шеќер, бидејќи само една лажичка од истиот го намалува имунитетот во следните неколку часа, вели Шри Шри Рави Шанкар, еден од мудреците на денешницата.

Зголемето го внесот на природни протени во исхраната. Хидрирајте се што повеќе со здрави течности, топла вода или билни чаеви. Треската што може да ја предизвика вакцината може да доведе до дехидратација. Ајурведската исхрана става акцент на здравите масти, протеини и јаглени хидрати. Јадете здрава, органска храна особено неколку недели пред закажувањето на вакцинацијата. Познато е дека ајурведскиот стил на живот има големо антиинфламаторно и детокс дејство, кое започнува да го зајакнува телото веднаш. Дури и ако веќе сте се вакцинирале со првата доза сѐ уште не е доцна да започнете со овој режим на исхрана. Особен акцент во исхраната се става на зеленчук, овошје, цели зрна, здрави омега-3 и мононезаситени масти (како оние во маслиновото масло), риба, живина, грав и јајца. Црвено и масното месо се исклучени. Едно истражување покажало дека лицата над 65 години кои јадат пет или повеќе порции овошје и зеленчук дневно имаат посилен имунолошки одговор на пневмонијата и вакцината, отколку врсниците кои јадат две порции или помалку.

Исхраната со низок гликемиски индекс ќе го одржи вашиот шеќер во крвта стабилен. Истражувањата покажуваат  дека пониските нивоа на гликоза имаат тенденција да бидат антиинфламаторни. Општо земено, храната што го одржува шеќерот во крвта на здрави нивоа вклучува: зелен зеленчук, цели зрна и леб од повеќе житарки, мешунки, овошје како бобинки и јаболка, и секако, здрави посни протеини, јајца и ореви.

Омилениот лек на сите времиња кај повеќето луѓе е пилешката супа. Згответе ја со многу зеленчук кој лесно се вари. Внимавајте на здравјето на цревата за да го зголемите имунолошкиот одговор на телото кој е од исклучителна важност. Имунолошкиот одговор на вакцините кај луѓето зависи делумно и од возраста – како што старееме, имунитетот ни опаѓа, а делумно зависи и од индивидуалните варијации. Делумно, според д-р Мишра зависи и од видот на вакцината што ја примате. Важен аспект на реакцијата на вакцините, и воопшто на имунитетот, е здравиот микробиом на цревата, смета овој ајурведски лекар и нутриционист од Индија. Не само што одговорите на вакцините се варијабилни, туку и здравиот микробиом е докажан во научни студии за зголемување на имунолошкиот одговор на вакцините. Разновидна и здрава микробиолошка групација во цревата ќе влијае директно на имунитетниот систем. Тој препорачува исхрана богата со влакна која поттикнува раст на корисни бактерии кои го поддржуваат имунолошкиот одговор. Млечните производи како сирењата и кашкавалите исто така треба да се исфрлат од исхраната во овој период, бидејќи го закиселуваат органзимот. Кафињата и цигарите треба да се сведат на минимум или сосема да се исклучат.

Фото: Pixabay