Што би сакале повеќе: везени пиперки или јастог?

Не дека не сакаме морска храна, напротив, но сепак, пиперки си се пиперки, особено овие, везените, малку лути и потпечени на рингла

0
309

Цело лето си повторувам колку е лесно да се смисли што ќе се јаде во лето. Не ви треба ништо посебно, се додека имате свеж зеленчук. А за овие везени пиперки потпечени на рингла, па зачинети со лук, маслиново масло, јаболков оцет, сол и свеж магдонос, вреди да се зачади цела куќа.

Ставате фолија на ринглата и ги потпелувате пиперките од сите страни. Ги покривате со крпа и потоа ги зачинувате, ставате сечкан лук и магдонос и уживате.