Чоко чиа пудинг – за оние кои никогаш немаат време

Ова е одличен оброк, појадок, ужинка или вечера за оние кои никогаш немаат време да си подготват нешто, без оглед дали работат од дома или патуваат до работното место...

0
604

Дури и ако работите од дома, подготвувањето појадок во текот на работната недела ви одзема време и го забавува темпото на работа. Чиа пудинг со какао е идеален за вакви ситуации затоа што треба само да го извадите од фрижидер и да го послужите со свежо овошје, домашна гранола, кокос, јаткасти плодови, парчиња темно чоколадо …

Секако, наместо бадемово, можете да користите кокосово или млеко од соја или пак најобично или млеко без лактоза, а јаворовиот сируп може слободно да го замените со мед. Препорачуваме да направите поголема количина бидејќи може да стои во фрижидер три до четири дена. Потоа ќе си имате и за појадок, и за ужинка, десерт или вечера.

Состојки:

30 г какао во прав
2 лажици јаворов сируп или мед
½ лажичка цимет
Малку сол
½ лажичка екстракт од ванила
350 мл бадемово млеко
80 г чиа семе

Приготвување:

Измешајте го какаото со цимет, сол, екстракт од ванила и јаворов сируп.
Добро промешајте, а потоа додадете малку млеко и мешајте додека не добиете мазна паста. Додадете го остатокот од млекото.
На крај додадете чиа семе, измешајте, покријте го со фолија за храна и ставете го во фрижидер преку ноќ.

Фото: Unsplash