Чоколаден колач со тиквички

Пред вас е многу невообичаена, но секако вкусна чоколадна торта од тиквички. Не се плашете да ја испробате, превкусна е!

0
187

Состојки:

2 јајца

3/4 четвртини од шолја јогурт

четвртина шолја масло

2 лажички екстракт од ванила

2 шолји брашно

1 шолја шеќер

1/2 шолја какао

една и пол лажичка цимет

една лажичка прашок за пециво

една лажичка сода бикарбона

пола лажичка сол

2 шолји рендана тиквичка

За чоколадниот прелив:

150 мл слатка павлака

Шолја шеќер

четвртина лажичка екстракт од ванила

четвртина шолја стопен путер

120 мл /0,5 шолја стопено темно чоколадо

Приготвување:

Измешајте ги јајцата, маслото, јогуртот и ванилата, па матете со жица за матење. Во друг сад измешајте ги брашното, шеќерот, какаото, циметот, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта и додадете ги во смесата со јајца и повторно промешајте.

Додадете ја ренданата тиквичка и промешајте со лажица. Ставете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и печете 30 минути на 180° С. Кога ќе се испече, отстранете ја хартијата за печење.

За преливот од чоколадо: Во сад со миксер изматете ги слатката павлака, шеќерот, ванилата, стопениот путер и чоколадото. Премачкајте ја тортата со добиената мешавина.

Фото: Pexels