Чоколаден колач со тајна состојка

Тајната состојка на овој сочен и цврст колач е спанаќот.

0
382

Состојки:

90 г спанаќ

190 мл растително млеко

250 г шеќер

2 лажици стопено кокосово масло

165 г интегрално брашно

60 г какао во прав

1 лажичка сода бикарбона

1/4 лажичка сол

75 г чоколадо

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Подмачкајте го калапот со димензии од 20х20 сантиметри. Измешајте ги спанаќот и млекото во блендер, истурете ја смесата во сад и додадете ги шеќерот и кокосовото масло.

Во друг сад, помешајте ги брашното, какаото во прав, содата и солта. Додајте ги сувите состојки во течните и измешајте додека не добиете густо тесто. Додадете парчиња чоколадо. Истурете го тестото во подготвениот калап и печете го 35 минути или проверете со чепкалка за заби.

Смесата е за 16 колачи. Потребни се 10 минути за да се подготви и 35 за да се испече.

Фото: Pexels