Четири намирници за подобар вид

Станува збор за намирници богати со витамини А, Ц и Е, кои се одговорни за доброто здравје на мрежницата, ги зајакнуваат капиларите и спречуваат развој на катаракта. Овие витамини, покрај морковите, во значителни количини ги содржат и пиперките, боровинките и лененото семе.

0
324

Повеќе или помалку е познато дека морковот е добар за зачувување на видот, но научните истражувања кон оваа намирница приклучија уште три што треба да ги консумирате за што подолго да издржите без очила.

Станува збор за намирници богати со витамини А, Ц и Е, кои се одговорни за доброто здравје на мрежницата, ги зајакнуваат капиларите и спречуваат развој на катаракта. Овие витамини, покрај морковите, во значителни количини ги содржат и пиперките, боровинките и лененото семе.

Моркови – Богати се со бета-каротен, кој се претвора во витамин А во организмот. Овој витамин е важен за спречување на ноќно слепило, а неговиот недостаток предизвикува сувост на очите и отекување на очните капаци.
Кога купувате морков, изберете го оној со поинтензивна портокалова боја затоа што е побогат со бета-каротен. Исто така, најдобро е да го јадете свеж.

Пиперки – Содржат лутеин, антиоксиданс кој игра важна улога во спречувањето на катаракта, како и болести на средниот дел на мрежницата. Богати се со витамин Ц – содржат четири пати повеќе витамин Ц од лимонот. Затоа се препорачува и за зајакнување на имунитетот.
Покрај тоа, црвената пиперка има мала калорична вредност – во 100 грама има само 20 калории.

Боровинки – Тие содржат антиоксиданс антоцијанин, кој ги штити капиларите од штетните ефекти на слободните радикали и болестите што ги предизвикуваат – катаракта, оштетување на мрежницата и дегенерација на макулата.
Една студија покажала дека ова овошје ги зајакнува и капиларите на очите, благодарение на витаминот Ц и бета-каротенот, со кои боровинките се богати.

Ленено семе – Тоа е важен извор на омега-3 есенцијални масни киселини без кои нашите очи се суви, црвени и изгледаат уморно. Па затоа би било добро да јадете чаша јогурт со ова семе за појадок најмалку двапати неделно, а барем повремено да користите ленено масло за салата.
Покрај тоа, лененото семе помага и за ослободување од гасовите и е одличен лаксатив бидејќи ги елиминира токсините.

Фото: Unsplash