Храна за слабеење

Постои храна што е пожелно да се јаде за време на диетата, а која исто така ќе ни помогне побрзо и полесно да дојдеме до витката линија, па со право можеме да ја наречеме „храна за слабеење“.

0
394

Ако сакаме да изгубиме тежина треба да го намалиме внесувањето на храна со висока калорична содржина, но тоа не значи дека мора да гладуваме. Постои храна што е пожелно да се јаде за време на диетата, а која исто така ќе ни помогне побрзо и полесно да дојдеме до витката линија, па со право можеме да ја наречеме „храна за слабеење“.

Значи, станува збор за храна која поттикнува согорување на калории или не прави да се чувствуваме сити долго време. Кога ги комбинираме, слабееме побрзо и со помалку маки.

1. Овесни снегулки

Ако решиме да јадеме овесни снегулки за појадок, ќе ни биде лесно да го дочекаме ручекот. Бидејќи телото полека ги вари, тие подолг временски период ни даваат чувство на ситост.

2. Јогурт

Јогуртот содржи скоро идеален однос на протеини, маснотии и јаглехидрати, па откако ќе го испиеме го одржуваме истото ниво на шеќер во крвта. Ова значи дека нема ненадеен скок на шеќер, проследен со ненадеен пад и неодолива потреба за храна. Покрај тоа, јогуртот треба да биде незаменлива храна кога сакаме да изгубиме тежина затоа што влијае на намалување на масното ткиво во организмот, истовремено одржувајќи ја мускулната маса. Научно и искуствено е докажано дека луѓето кои пијат јогурт за време на нивната диета губат повеќе маснотии отколку оние кои се на слична диета, но без јогурт.

3. Јајца

Меѓу народот постои поговорка: „Едно јајце дава сила“ и тоа е вистинската вистина. Бидејќи протеините од јајцата спаѓаат во високо квалитетни протеини. Тие прават да се чувствуваме сити и да имаме помала потреба од протеини во текот на денот. Најдобро е да ги јадете за појадок, дозволено е и за ручек, а треба да се избегнуваат само за вечера.

4. Јаболка

Јаболката се хранливи, но содржат многу растителни влакна и малку калории. Ако јадеме едно јаболко пред оброк, сосема е сигурно дека по него нема да можеме да јадеме голема количина на некоја друга храна што веројатно ќе има поголема калориска вредност од неа. На овој начин ќе го спречиме и прејадувањето.

5. Сенф и лути пиперчиња

Ако јадењето го зачиниме со сенф или лута пиперка, можеме да го забрзаме својот метаболизам на масти за 20-25%, а овој ефект ќе трае и до 3 часа по јадењето. Ова значи дека со нив, помало количество маснотии ќе се задржат во организмот, и ова е навистина она што се нарекува „храна за слабеење“.

Фото: Pexels