Храна за лека ноќ

Мал оброк пред спиење може да биде здрав, па дури може да ви помогне полесно да заспиете и да спиете подобро, како и да ја поттикне изградбата на мускулите во текот на ноќта.

0
416

Повеќето луѓе се свесни дека не треба да јадат пред спиење, бидејќи тоа може барем да им го наруши сонот. Сепак, се случува да легнете, да се покриете, да се смирите, но не можете да заспиете, бидејќи цревата ​​гласно ви кркорат.
„Мал оброк пред спиење може да биде здрав, па дури и да ви помогне да спиете подобро“, вели Тони Кастиљо, нутриционист од фирмата Nutrition for Performance.
Тој вели дека луѓето кои редовно вежбаат и се многу активни можат да имаат корист од вечерниот оброк, бидејќи со него може да ги надокнадат хранливите материи кои се корисни за обновување на мускулите за време на спиењето.
Но, има храна што дефинитивно треба да се избегнува, бидејќи може да го наруши спиењето. Тоа е, пред сè, храната што содржи многу шеќер и преработени јаглени хидрати, кои брзо се варат и го зголемуваат шеќерот во крвта, такашто можат да предизвикаат наплив на енергија, вели Кастиљо.

Избегнувајте многу зачинета храна, бидејќи може да предизвикаат рефлукс на киселина, па затоа би можеле да бидете будни цела ноќ поради проблеми со варењето на храната.
Друг вообичаен предизвикувач на киселини е чоколадото, бидејќи содржи многу маснотии и состојки што ноќе можат да ви го расипат варењето.
Исто така, треба да размислите кога ќе го јадете тој оброк, за да не биде непосредно пред спиење.
„Некои луѓе можат да јадат нешто пред спиење и да немаат проблеми. Другите можеби ќе треба да имаат пауза од два часа помеѓу оброкот и одењето во кревет“, вели Кастиљо.

Откако ќе пронајдете начин што ви одговара, можете да се држите до него за да спречите проблеми.

Каков треба да биде тој оброк? Фокусирајте се на јаглехидрати и протеини богати со влакна.
Примери на јаглени хидрати со бавно варење се житарките, овесот, кафеавиот ориз, овошјето и зеленчукот. Протеините со бавно варење вклучуваат казеин, кој се наоѓа во млечните производи како што е сирењето и е достапен во форма на протеин во прав. Путерот од кикирики е исто така корисен за јадење пред спиење, бидејќи содржи триптофан, кој им помага на мозокот и мускулите да се релаксираат.

Примери на здрави закуски пред спиење:

– Протеински пијалок
– Путер од кикирики и леб од цели зрна
– грчки јогурт и бобинки
– Бадемов путер и овошје

Фото: Pixabay