Трифала – моќна комбинација за чистење на организмот

Индиските научници тврдат дека Трифалата може да предизвика смрт на клетките на ракот и во исто време не ги загрозува здравите клетки.

0
250

Тriphala во превод значи „три плода“, а станува збор за комбинација од три сушени плодови за кои е познато дека имаат одредени здравствени придобивки. Трифалата се состои од три плодови, амла, бибитаки и харитаки.

Трифала – што е тоа?

Трифала е додаток во исхраната што се користи илјадници години во Азија, а особено во Индија. Тоа е комбинација од три сушени плодови:

amle (лат. Emblica officinalis) – тоа е мало зрнесто овошје со кисел и трпок вкус, богато со витамин Ц, минерали и протеини,
bibhitakia (lat. Terminalia bellirica) – плод на големо дрво кое расте во Индија и содржи многу растителни активни компоненти како што се танини, елагична и гална киселина и флавоноиди,
haritakia (lat. Terminalia chebula) – тоа е мал зелен плод од поголемо дрво кое расте во Индија, а е лековито поради терпенот, полифенолите, антоцијаните и флавоноидите што ги содржи.

Ајурведските експерти веруваат дека консумацијата на овој производ во текот на целата година ги ублажува сите болести и го продолжува животниот век. На таков факт треба да му се пристапи со доза претпазливост, предупредуваат експертите од здравствениот портал Healthline.

Имено, трифала може да се користи како додаток во исхраната за подобрување на општата здравствена состојба на телото, но никогаш како лек за веќе постоечки болести.

Трифалата е означена со изразот „расајана“ кој се користи за сите лекови кои го подмладуваат телото. Таа е целосно безбедна и затоа е високо ценета.
Има многу здравствени придобивки, благодарение на лековитите својства на секое од трите растенија чии екстракти ги содржи.

Индиските научници тврдат дека Трифалата може да предизвика смрт на клетките на ракот и во исто време не ги загрозува здравите клетки. Студија од 2013 година објавена во списанието PLoS One докажува дека екстрактот од билката амла го забавува и го инхибира растот на клетките на туморот во културата од клетките и кај лабораториските стаорци.

Овие истражувања се прелиминарни и не треба да се сфаќаат апсолутно. Иако досега не е докажан таков ефект кај луѓето, резултатите од студијата го покажуваат можниот иден потенцијал на Трифалата во лекувањето на туморски заболувања.

Кинезите исто така ја користеле Трифалата во лекувањето на голем број болести.

А еве ги и здравствените придобивки на секоја од состојките во трифалата:

Амла:

штити од оштетување на клетките предизвикано од слободните радикали,
го подобрува варењето, особено во услови на дијареа.

Бибитаки:

ја намалува концентрацијата на гликоза во крвта,
ја зголемува чувствителноста на инсулин,
ги намалува воспалителните процеси во телото.

Харитаки:

го намалува запекот,
има анти-воспалителни и антиоксидантни својства што ги штити клетките од оштетување.

Самата Трифала може да им помогне на луѓето со пред-дијабетична состојба, бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта и ја зголемува чувствителноста на инсулин.

Дали Трифала се користи за губење на тежината?

Некои корисници истакнуваат дека им помогнала да го зголемат нивото на енергија и продуктивноста и им помогнал на многумина во процесот на слабеење.

Сепак, има речиси исто толку позитивни искуства со губење на тежината, колку и оние што велат дека Трифалата е неефикасна. Понекогаш позитивниот ефект се смета за т.н. плацебо ефект, кој не доаѓа од самата Трифала, туку од мислата дека правиме нешто што ќе ни помогне да ослабнеме.

„Прелиминарните истражувања покажуваат дека Трифалата би можела да биде ефикасна при губење на тежината, но сепак не може да се препорача за оваа намена, бидејќи не е добро истражена“, објаснува д -р Микеле Берман, за здравствениот портал Healthy but Smart.

Секако консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист пред да користите додатоци во исхраната како што е Трифала. Ова особено се однесува на хронични пациенти.

Трифала – дозирање и како се користи?

Користењето на Трифала во прав е често најефективниот избор за максимално уживање во Трифалата.

Главната предност на Трифалата во прав е пониската цена и можноста да се направи чај од него.

Целосно искористете го правот со мешање на половина лажичка прав со 8 децилитри вода, но ако вкусот ви е премногу силен, можете да го измешате со сок.

Препорачливо е да ја земате мешавината Трифала неколку часа пред спиење, а ако ви треба повеќе, може да ја земате дури три пати на ден.

Ако планирате да користите Трифала на долг рок, се препорачува да ја намалите дозата по некое време. Постепено можете да ја намалите дозата на Трифале и по некое време прескокнете еден или два дена од земање на прав, наместо да го земате секој ден.

Трифала – несакани ефекти
Во некои случаи, прекумерната потрошувачка на Трифалa предизвикува одредени несакани ефекти како што се дијареа и дехидрација. Други несакани ефекти може да вклучуваат:

несоница,
вознемиреност,
промени во холестеролот во крвта.

Трифала не се препорачува да се користи:

во бременост,
за време на акутна дијареа,
кај луѓе кои земаат разредувачи на крв (варфарин),
кај оние кои имаат нарушувања со згрутчување на крвта.

Трифала може да се користи секојдневно, но доколку се користи долгорочно, потребно е постепено да се намалува дозата и да се најде баланс кај земањето.

Фото: Фејсбук