Топло, вкусно и лековито! Овој напиток ќе ви го намали притисокот и ќе ви ја подобри меморијата

За да си направите здрав напиток од какао кој ќе ви помогне да се сконцентрирате, да ја подобрите меморијата и да го намалите крвниот притисок, потребни ви се само четири состојки - бадемово млеко, органско какао, црно чоколадо и мед.

0
510

Тука не станува збор за инстант напиток од какао кој не само што не е здрав, туку е и штетен. Богат е со шеќер, пченкарен сируп и разни рафинирани масла кои се исклучително штетни за вашето здравје. Само петтата состојка во овој напиток е какаото.
За да си направите здрав напиток од какао кој ќе ви помогне да се сконцентрирате, да ја подобрите меморијата и да го намалите крвниот притисок, потребни се само четири состојки. Направете го за само пет минути со помош на бадемово млеко, органско какао, црно чоколадо и мед или стевија.

Состојки:

1 чаша бадемово млеко
1 лажичка органско какао во прав
2 лажички квалитетно темно чоколадо
мед или стевија

Подготовката е повеќе од едноставна:
Загрејте го бадемовото млеко, додадете какао и чоколадо, па мешајте додека не се стопат. Засладете со мед или стевија и уживајте во овој вкусен и здрав напиток!

Фото: Pixabay