Сè што треба да знаете за рокот на траење на некои намирници

Колку време траат и како да ги чувате за да им го продолжите рокот, зелениот чај, маслиновото масло, конзервираните домати, компирите, зачините,...

0
228

Истражувањата покажаа дека намирниците како што се џемови, масла, суви зачини или житарки, исто така, имаат рок на траење, односно ја губат својата хранлива вредност. Ви ги донесуваме советите на најдобрите светски експерти за консумацијата на одделни намирници.

Рок на траење на зелениот чај

Содржината на антиоксиданти во зелениот чај по 6 месеци стоење паѓа за дури 32%. Овие антиоксиданти, исто така познати како катехини, можат да го намалат ризикот од некои видови на рак. Но, тие се чувствителни на кислород и светлина. За жал, чаевите, за разлика од виното, не стануваат поквалитетни со годините.

За да го продолжите животот на зелениот чај, чувајте го во темен херметички затворен сад и чувајте го во фрижидер.

Рок на траење на производите од домати

Конзервираните домати по 3 месеци стоење губат дури 50% од ликопенот, дури и кога воопшто не се отворени. Ликопенот во кечапот исто така се губи по некое време. Ова е голема штета затоа што ликопенот е моќен антиоксиданс кој помага да се спречат разни видови на рак, срцеви заболувања и слабеење на коските.

За да го продолжите рокот на траење, сами конзервирајте свежи домати. Исецкајте ги на поголеми парчиња и чувајте ги во стаклен херметички затворен сад.

Рок на траење на компирите

Содржината на витамин Ц во компирот се намалува за дури 40% по 8 месеци стоење, па дури и побрзо ако не се чува на темно, ладно и суво место. Компирите веројатно нема да ги чувате толку долго, но треба да имате предвид дека тие не доаѓаат на вашата чинија свежо собрани, освен ако не ги одгледувате сами.

За да го продолжите рокот на траење на компирот, купете помали компири што обично содржат повеќе витамин Ц. Купете толку компири колку што ќе јадете во рок од неколку недели. Чувајте ги компирите во хартиени кеси бидејќи тие ќе спречат влегување на вишок кислород и светлина.

Рок на траење на маслиновото масло

Нутритивните својства на маслиновото масло по 6 месеци стоење паѓаат за цели 60%. Една студија открила дека шишињата маслиново масло во домаќинствата траат значително подолго од 6 месеци.

Со оглед на цената на маслиновото масло, секако сакате да му го продолжите рокот на траење. Чувајте го на темно, ладно и суво место. Ако не користите маслиново масло толку често, купувајте помали пакувања.

Рок на траење на џемови од зрнесто овошје

Антоцијанините, кои ги наоѓаме во бобинките, се одлични антиоксиданти. Нивото на антоцијанин во џемовите по 2 месеци стоење на собна температура опаѓа за дури 23%. Истражувањата покажаа дека антоцијанините имаат антиинфламаторно дејство и се едни од најефикасните видови на антиоксиданти.

Пред да го отворите џемот, чувајте ги во фрижидер и купете џемови што не содржат додадени шеќери бидејќи тие го забрзуваат процесот на паѓање на нивото на антоцијанини.

Рок на траење на сушените билки и зачини

Нивото на капсаицин во чили во прав по 9 месеци почнува драстично да опаѓа. Капсаицинот може значително да го поттикне губењето на тежината и да помогне во спречување на разни видови на рак.

Чувајте ги зачините и сувите билки во стаклени херметички затворени тегли. Најдобро би било самите да ги исушите и чувате билките и зачините. Чувајте ги на ладно, темно и суво место.

Фото: Pixabay