Супермаркетите во Азија користат амбалажа од листови од банана наместо пластични кеси

Супермаркетите во Виетнам ја прифатија иницијативата од Тајланд кадешто користат лисја од банана наместо пластика како алтернатива за пакување.

0
259

Самостојниот супермаркет во Чиангмаи, Тајланд заработи пофалби на Фејсбук за своите еколошки пакувања, откако локална фирма ги претставила на нивната страница една недела претходно.

Новата идеја, која беше моментален хит меѓу интернет корисниците, наскоро го привлече вниманието на виетнамските супермаркети

Во интервју за ВнеЕкспрес, претставник од ланецот Лотте Март изјавил дека тие се уште се во фаза на тестирање, но планираат многу брзо да ја заменат пластиката со листови на национално ниво.

Освен за завиткување на зеленчук и овошје, синџирот на продавници има намера да ги користи листовите и за виткање свежи производи од месо.

Според ВН Експрес, употребата на лисја како амбалажа е добредојдено како додаток на многубројните други напори, со кои претпријатијата во Виетнам експериментираат со цел да го намалат пластичниот отпад.

Big C, на пример, веќе нуди биоразградливи кеси направени од пченка во прав во своите продавници.

Со тоа што Виетнам е рангиран на четвртото место во светот за најголемо количество пластичен отпад фрлен во океанот, ваквите напори се од најголема важност.

Фото: Facebook/perfecthomes