Супа или компот, прашањето е сега!

Еве ви одличен предлог за лесна вегетаријанска вечера која не бевме сигурни дали да ја викаме супа (со оглед на тоа што во неа има зеленчук) или компот (со оглед на дуњата), ама вкусна е и како едното и како другото

0
197

Ако имате уште една заборавена дуња некаде низ фрижидерот и сакае некако да ја искористите, обидете се со оваа малку необична, но многу вкусна варијанта.

Можете да ја направите како нас, со кромид, морков, ѓумбир, дуња и сув зеленчук за супа, а можете да додадете и малку грашок.

Значи, станува збор за брз и лесен рецепт кој можете да го направите веднаш, за вечера, а можете и за појадок или за ручек. Одличен е за секој оброк и во секое време.

Се вари кратко, колку да омекнат дуњата и морковите, ѓумбирот е најдобро да е свеж и ситно исечкан, зачинете и уживајте.