Станете порано и направете си за појадок овесни снегулки, ама потпечени

Веројатно сте ја испробале варената варијанта, па дури и онаа што се остава преку ноќ во фрижидер, но дали некогаш сте ги потпекле своите овесни снегулки?

0
310

Овесните снегулки, односно овесната каша е популарен појадок, чија позиција дополнително ја утврдува трендот на здрава исхрана. Социјалните мрежи и книгите за готвење се полни со рецепти за овој вкусен оброк во различни варијанти и со најкреативни додатоци. Веројатно сте ја испробале варената варијанта, па дури и онаа што се остава преку ноќ во фрижидер, но дали некогаш сте ги запекле своите овесни снегулки?

Ова е вистински зимски појадок и одлично решение кога бараме малку разновидност, но и да се загрееме во раните утрински часови. Освен што од рерната ќе се шират преубави зачински ароми, во оваа комбинација можете да додадете и разни овошја, како што се јаболка или круши, кои се одлични кога се запечени. И секако, јаткасти плодови што ќе заокружат сè или путер од кикирики или бадеми за навистина вкусна, кремава варијанта.

Запечени овесни снегулки со јаболко и круша

2 шолји овесни снегулки

1 лажица чиа семе
2 шолји растително млеко
малку сол
малку екстракт од ванила
1 лажичка цимет
1/4 лажичка морско оревче
1 јаболко (излупено и тенко исечено)
1 круша (излупена и тенко исечена)
грст сечкани бадеми, ореви или лешници

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте ги овесните снегулки, чиата, млекото и сите зачини и истурете ја смесата во плех за печење (претходно намастете го со малку кокосово масло). Одозгора наредете ги исечените парчиња јаболко и круша, поросете ги со јаткастото овошје што го одбравте и ставете ги во рерна околу 30 минути, додека не видите дека течноста испарила. Послужете топло!

Фото: Pixabay