Спорот за името со Грција се реши, почнува нов – за мусаката

Нашата обична мусака со компири и мелено месо на крајот е прелиена со матени јајца со јогурт и ситно сечкан магдонос и украсена со неколку парчиња тврдо, биено сирење (инаку, оригинален македонски производ), кои откако малку ќе се растопат изгледаат како меки, бели облачиња. Вкусот е одличен, мусаката изедена, а кој нема попаметна работа, нека трага по нејзините „идејни“ творци.

0
523

Само што се реши спорот околу името, Грција и Македонија влегоа во нов конфликт – оној околу мусаката, пишуваат светските медиуми (турскиот Haberler, Times,…)

Според пишувањето на Тајмс, Грците биле шокирани кога виделе дека на Саемот за храна кој е одржан во Германија, се послужувала мусака под знамето на Македонија.

Анастасис Пајпетис, сопственик на еден грчки ресторан, останал во неверица кога здогледал дека е мусаката изложена во рамките на националната кујна на Македонија.

Тие ја промовираат мусаката како македонско јадење. Но не е само тоа, тие со неа служат грчки јогурт и кафе како да се нивни производи“, изјавил Пајпетис, кој ги алармирал грчките медиуми.

Набргу и грчките весници објавиле фотографии на кои се гледа мусака со насловот „Македонска кујна – традиција и вкус“, на изложбениот штанд со македонски симболи.

Сопственикот на ресторанот тврди дека традиционалниот рецепт за мусака е „апсолутно грчки“.

Е сега, сиот овој вовед беше за нашата мусака со компири, бидејќи модрите патлиџани во овој период од годината се скапи, таа варијанта ја оставаме за поубавите денови во годината.

Инаку, нема да навлегуваме во тоа кој ја измислил мусаката, и онаа со модри патлиџани, и оваа со компири. Како и да е, таа е омилено јадење на многумина и во Македонија, и во Грција, Турција, Србија, Босна,… и да не набројуваме повеќе…

Господ здравје да им даде на тие што ја измислиле!

Нашата обична мусака со компири и мелено месо на крајот е прелиена со матени јајца со јогурт и ситно сечкан магдонос и украсена со неколку парчиња тврдо, биено сирење (инаку, оригинален македонски производ), кои откако малку ќе се растопат изгледаат како меки, бели облачиња. Вкусот е одличен, мусаката изедена, а кој нема попаметна работа, нека трага по идејните творци на мусаката.