Спелтата не е тренд, туку најстар и најздрав вид на пченица

Спелтата се смета за најкорисен вид пченица затоа што е природен производ. Не поднесува ѓубрење на почвата, поради што можеме да бидеме сигурни дека е чиста и безбедна, без пестициди и хемикалии.

0
267

Многумина не знаат што е спелта иако станува збор за една од најстарите намирници во светот. Тоа е вид пченица што со векови хранела многу народи, но била заборавена заради слабите приноси што ги носи и бавниот процес на обработка.

Сите други сорти пченица за кои денес знаеме потекнуваат од неа. До неодамна, се сметаше за застарена житарка, но во последниве години доживеа целосна рехабилитација.

Спелтата содржи калциум, фосфор, магнезиум, железо, селен, манган, калиум, бакар, витамини Б, А, Е, бета каротен, масни киселини, протеини, итн.

Помага во регулирање и создавање на полови хормони, го подобрува имунитетот, корисна е во изградба на коските, ја зголемува дигестивната функција, го намалува холестеролот и го намалува шеќерот во крвта.

Спелтата расте подеднакво добро на сите температури што е неоспорна предност. Покрај тоа, не поднесува ѓубрење на почвата, поради што можеме да бидеме сигурни дека е чиста и безбедна, без пестициди и хемикалии. Затоа е омилена храна во здравата исхрана.

Таа е моќен антиоксиданс и има лековити својства. Содржи големи количини на корисни влакна, ензими, минерали и витамини. Покрај тоа, се покажа дека содржи поголем процент на протеини отколку пченицата.

Богата е со магнезиум, манган, фосфор, цинк, како и витамин Е. Содржи скоро двојно повеќе витамини А и витамини од групата Б, масти, фосфор и протеини, а количината на глутен е минимална. Ова ја прави одлична алтернатива за луѓето кои страдаат од нетолеранција на глутен.

Употреба на спелтата

Спелтата е погодна за луѓе од сите возрасти, врз кои има исклучително корисни ефекти.

Особено е корисна за активните спортисти бидејќи дава сила. Од друга страна, го подобрува расположението и лекува хроничен замор и проблеми со спиењето. Така, му дава скапоцена и долготрајна енергија на организмот.

Спелтата му ги обезбедува на организмот потребните протеини и влакна. Неговата употреба се препорачува при болести и настинки, авитаминоза или нерамнотежа на минералите, кардиоваскуларни проблеми, болен желудник, за подобрување на цревната перисталтика, колитис, невроза.

Консумирањето на спелта не се разликува од консумирањето на други житни култури. Може да ја консумирате изртена, варена, подготвена во леб, колачиња и солени печива, како замена за ориз и мешунки. Брашното од спелта е лесно за обработка, има добар вкус и е малку послатко од обичното брашно.

Како се меси тесто од спелта?

Спелтиното брашно често се користи за правење пици. Погодно е затоа што не постои ризик тестото да стане тврдо или жилаво.

Специфичностите на месењето на тестото со спелтино брашно се присутни како резултат на малата содржина на глутен во зрното. Секој знае дека за тестото да се меси добро и да се крене, содржината на глутен мора да биде поголема.

Кога месите тесто со спелтино брашно, треба да користите свеж квасец (стартер) или сода бикарбона.

Специфичноста на месењето е во тоа што треба да ја зголемите количината на вода. За разлика од тестото направено со пченично брашно, спелтиното брашно бара повеќе вода.

Фото: Unsplash