Спас од глад за невработените во период на пандемија со корона вирусот

Сите лица кои чекаат во ред за бесплатен ориз мораат да бидат на растојание од два метра и да користат средства за дезинфекција за рацете пред да се приближат до ризоматот.

0
197

Во градот Хо Ши Мин во Виетнам поставени се ризомати за луѓето кои во текот на пандемијата ги загубиле своите работни места. Поточно, станува збор за автомати кои даваат бесплатен ориз за оние кои имаат потреба во таа азиска земја, што помага да се намали гладот ​​меѓу населението.

Сите лица што чекаат во ред за бесплатен ориз мора да бидат на растојание од два метри и да користат средства за дезинфекција за рацете пред да се приближат до ризоматот. Тука се и чуварите кои се грижат никој да не претера со земањето, односно да има ориз за сите оние на кои им треба.

Зад оваа иницијатива стои виетнамскиот претприемач Хоанг Туан Ан, кој се надева дека бесплатниот ориз ќе им биде на располагање на граѓаните барем до јуни. Исто така, се надева дека ќе го зголеми бројот на ризомати низ целата земја.

Официјално, Виетнам има релативно мал број потврдени случаи на заразени од коронавирус – само 268 во земјата со речиси 95 милиони жители.

Многумина веруваат дека причината лежи во тоа што населението ги почитува правилата за карантин, но и затоа што државата брзо ја пренесе пораката од важноста на добрата хигиена во борбата против вирусите преку песна која стана вирален хит во светот.

Фото: AFP