Сок од цвекло, морков и евтин ананас, наместо скапи јаболка

Со оглед на тоа што јаболките се сега скапи, а бидејќи не им е сезона, не се ниту здрави, ниту вкусни, за подобрување на стариот добар здрав сок од цвекло и моркови, додадовме ананас кој е кај нас поевтин од јаболката

0
358

За да го подобриме вкусот на оној познат здрав сок од цвекло и моркови кои сакаме да го пиеме и во лето, наместо јаболка кои се сега едноставно прескапи за оваа намена, а не се ниту здрави, ниту вкусни бидејќи не им е сезона, ја пробавме оваа комбинација со ананас.

Секако, додадовме и парченце свеж ѓумбир и еден цел излупен лимон.

Вкусот е одличен, а подоцна дознавме и дека комбинацијата на цвекло и ананас е добра за зацврстување на ендометриумот (слој на матката кој е важен за бременоста).

Сигурно е здрава и за други нешта, ама тоа останува допрва да дознаеме, а дотогаш ќе си го пиеме овој вкусен сок.