Сок од бозел: освежителен напиток кој помага при слабеење и ги исфрла токсините

Мај е месец на бозелот. Се верува дека флавоноидите кои ги содржи бозелот се одговорни за повеќето од неговите лековити својства.

0
463

Не ви треба многу време за да го направите овој сок, а е исклучително здрав и спречува многу тегоби.

Состојки:

20 цветови од бозел
1 литар вода
800 гр шеќер
сок од 1 лимон

Приготвување:

Во еден литар ладна вода натопете 20 цветови свеж бозел. Оставете ги да стојат 24 часа на ладно место, но не во фрижидер. Се цеди, се додава шеќер и сок од лимон и се остава да отстои уште 24 часа. Повремено мешајте за да се стопи шеќерот. Процедете низ двојна газа и префрлете во шише.
Овој сок се пие разреден со вода.

Мај е време за цветање на бозелот, а сирупот од бозел е традиционален пијалок на нашите предци. Освен фактот што е вкусен, тој е и лековит.

Цветовите на бозел се исклучително богати со глукоза, танини, флавоноиди, каротени, рутин и витамин Ц. Бобинките од бозел содржат алкалоиди, каротени, танини, органски киселини и витамини А, Б и Ц. Се верува дека флавоноидите кои ги содржи бозелот се одговорни за повеќето од неговите лековити својства. Флавоноидите се моќни антиоксиданти кои го штитат нашето тело од оштетувања. Поради тоа бозелот се користи во лекување на дегенеративни заболувања и како превенција од рак.

Тој е одличен сојузник во спречување на грип и настинка бидејќи го зајакнува имунитетот. Покрај тоа, бозелот има антивирусно и антимикробно дејство. Ако чувствувате дека ќе добиете грип, пијте чај од исушени цветови бозел или едноставно пијте домашен сок од бозел. Оваа билка е корисна при астма и воспаление на дишните патишта, бидејќи го олеснува дишењето и помага при искашлување.

Во пролет, можете да го користите цветот од бозел како лек против алергии на полен. Исто така, има ефект на детоксикација, бидејќи го забрзува излачувањето на токсините од лимфните жлезди.
Оваа билка може да помогне при акни, чиреви, конјунктивитис и осип на кожата. Освен како лаксатив, делува и како диуретик и придонесува за здравјето на бубрезите. Се користи во услови кога е потребно посилно потење.
Поради своите лаксативни, диуретички и детоксикациски својства, тој е одличен како помош при слабеење.

Фото: Pixabay