Сок од ананас, наместо сируп против кашлица

Освежителниот сок од ова егзотично овошје, меѓудругото, е ефикасен и во ублажувањето и лекувањето на кашлицата.

0
130

Ананасот е чудесното и лековито овошје кое содржи бромелаин, ензим со антивоспалителни својства поради што е ефикасен во борбата против инфекции и ги убива бактериите. Докажано е дека свеж сок од ананас е пет пати поефикасен од сирупот од кашлица. Ананасот се покажал одлично и во превенцијата и лекувањето на различни видови на рак, бактериски и вирусни инфекции.

Сирупот од ананас содржи двојно повеќе витамин Ц отколку што му е потребно на вашето тело во еден ден. Овој сируп е многу добар извор на манган кој учествува и во изградбата на врзивно и коскено ткиво, во разградувањето на масти и шеќери и во одржувањето на работата на нервниот систем.

Ананасот може да се користи и за лекување на пореметувањето во работата на синусите. Особено делотворен се покажал во ублажувањето на натеченоста предизвикана од воспаление на синуси, а исто така ја ублажува и кашлицата и го олеснува искашлувањето.

Сирупот од ананас е одличен за превенција на болестите на очите и оштетувањата на видот. Ананасот има моќно антиинфламаторно дејство, заради што е одличен за превенција и ублажување на симптомите на хроничните болести, како што е ревматоидниот артритис.

Направете сами сируп од ананас, кој не содржи вештачки бои и засладувачи и не предизвикува нус- појави. Ананасот содржи лековити состојки за смирување на кашлицата и ублажување на грлоболката.

Само една шолја чист сок од ананас содржи 50 отсто од дневната потреба за витамин Ц кој е силен антиоксиданс и го јакне имунолошкиот систем, ги смирува воспаленото грло и кашлицата. Освен бромелаин и витамин Ц, ананасот е богат извор на витамин А, тиамин, рибофлавин, витамин Б6, фолна киселина, пантотенска киселина, магнезиум, манган и калиум.

Земајте ¼ шолја сируп 3 пати дневно и ќе забележите дека кашлицата и грлоболката исчезнале за миг. За подобро дејство, додадете му на сирупот и прстофат куркума.

Како мерка за правење на овој сируп, користете шолји од 250 мл.

Состојки:

1 шолја свеж сок од ананас
¼ свеж сок од лимон
8 цм излупен ѓумбиров корен
1 лажица мед
Прстофат сол
½ лажичка црвен пипер

Приготвување:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека смесата не се соедини.

Фото: Pexels