Совршен пијалaк за целосна детоксикација и слабеење

Со овој рецепт за слабеење нема да го лишите организмот од хранливи материи, а не само што ќе ви помогне да ослабнете, туку и да го подобрите вашето здравје.

0
201

Многу начини за слабеење ќе ги дадат посакуваните резултати, но ќе го остават вашето тело лишено од основните хранливи материи. Овде ви претставуваме рецепт за слабеење кој ќе ви помогне да ослабнете и истовремено да го подобрите вашето здравје.

Водата од ѓумбир е најдобра за симнување килограми на стомакот, колковите и бутовите.

Како да направите вода од ѓумбир?

Исечете го свежиот корен од ѓумбир на парчиња. Во тенџерето ставете 1,5 литар вода и 4 до 5 парчиња ѓумбир. Оставете да зоврие и варете на тивок оган дваесет минути. Потоа оставете ја добиената смеса да се излади и ставете ја во термос.

Како се консумира вода од ѓумбир?

Може да пиете вода од ѓумбир во текот на целиот ден. За целосна детоксикација и губење на тежината, се препорачува да земате 1 литар вода од ѓумбир дневно во тек на 6 месеци.

Забелешка: Не користете вода со ѓумбир ако сте меѓу оние кои треба да избегнуваат да користат ѓумбир.

Некои здравствени придобивки од ѓумбирот:

1. Одржува нормална циркулација на крвта
2. Ја ублажува мачнината предизвикана за време на патувањето
3. Ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи
4. Има превентивно дејство при настинки и грип
5. Ги ублажува стомачните проблеми
6. Има превентивно дејство врз развојот на рак на дебелото црево
7. Ја ублажува болката и воспалителните процеси
8. Има смирувачки ефект врз болката и дразбите заради респираторни инфекции
9. Се користи во третманот на рак на јајниците
10. Го зајакнува имунитетот
11. Тој е корисен сојузник во борбата против утринската мачнина

Фото: Freepik