Словенците ја подготвуваат традиционалната велигденска шунка во тесто

А меѓу нив и нашиот уметник и голем кулинар Диме Темков кој веќе две ипол децении живее во Љубљана

0
485

Во католичкиот свет се ближи Велигден, а тогаш се подготвуваат неколку јадења кои се неизбежен дел од велигденската трпеза. Меѓу нив и традиционалната шунка во леб која се служи со ароматичен сос од рен и јаболки. Барем така е во Словенија. Од таму ни дојде и овој одличен и многу пати досега испробан рецепт од нашиот познат уметник и голем кулинар Диме Темков кој живее во Словенија веќе цели двеипол децении. Во кујната е вешт еднакво како и на сликарското платно и графиките, до толку што неговите пријатели Словенци кои често уживаат во неговите македонски специјалитети, не помалку уживаат и во неговите традиционални словенечки специјалитети. За Велигден, за секој од своите најблиски пријатели кои годинава, поради корона пандемијата се ограничени во движењето и дружењето, подготви и по една шунка во тесто спакувана како подарок. Се разбира, со неа оди и традиционалниот ‘јаболчни хрен’.

Состојки:

Чадена шунка во парче (околу 1 кг)

1 кг брашно

4 г свеж квасец или 1 сув

1 лажица шеќер

1-2 лажички сол

150 мл масло

200 мл вода

јајце

Приготвување:

Измешајте го квасецот во 200 мл млака вода, со лажичка шеќер и постепено додавајте малку брашно додека смесата не се згусне. Ставете го на топло место околу 15 минути. Додадете од остатокот од брашното, сол, масло и млака вода во нараснатото тесто по потреба се додека не добиете поцврсто тесто и ставете го повторно 15 минути да стаса.

Расукајте го тестото на дебелина од три сантиметри, со двојно поголема површина од шунката. Проверете дали има доволно површина на тестото за да ја завиткате шунката. Премачкајте го тестото со јајцето изматено со лажица вода.

Оставете го половина час на топло место да нарасне, а потоа печете го околу час и половина во загреана рерна на 130°С.

За прилогот изрендајте на ситно свеж рен и јаболко. Додадете по вкус, сол, малку шеќер, вода и алкохолен оцет.