Сладолед од батат

Кој вели дека сладоледот не е актуелен и дека не може да биде здрав?

0
166

Овој сладолед од сладок компир е богат со витамини, минерали, влакна, квалитетни јаглехидрати и добри маснотии. И најмногу од сè, е богат со вкус.

Состојки:

200 грама сладок компир
2 дцл млеко од соја со вкус на ванила
2 зрели банани
Околу 20 ф’стаци

Приготвување:

Слаткиот компир добро измијте го (оставете ја кората) и ставете го да се пече во рерна на 180 Ц околу 50 минути. Слободно ставете повеќе слатки компири во рерна, иако ќе ви треба само еден за две порции од овој сладолед.

Откако слаткиот компир ќе се испече, исечете го на неколку парчиња и ставете го во кесичка, па во замрзнувач кадешто треба да стои најмалку 5 часа.

Излупете 2 банани и исечете ги на тркалца, а потоа и нив ставете ги на исто толку време во замрзнувач.

Кога ќе ви се пријаде сладолед, извадете ги слатките компири и бананите од замрзнувачот и ставете ги во блендер, заедно со млеко од соја со вкус на ванила. Мешајте додека не добиете кремаст сладолед.

Излупете 20-тина ф’стаци и исечете ги на помали парчиња. Ставете од сладоледот во две порции и поросете со парчиња ф’стаци.

Рецептот и фотографијата се од ТУКА.