Сладолед од банана

Со неколку состојки, кои веројатно веќе ги имате во кујната, ќе го добиете овој вкусен и здрав сладолед од банана. Како замрзнато смути, тоа е идеална закуска и здрав десерт за деца, но и за возрасни.

0
130

Состојки:

2 банани со средна големина, искршени на парчиња
60 г путер од кикирики
420 г павлака
60 мл млеко
1 лажица мед
2 лажички екстракт од ванила
80 г чоколадо, стопено
Сечкани кикирики, по желба

Приготвување:

Измешајте ги бананите, путерот од кикирики, павлаката, млекото, лажица мед и екстракт од ванила во блендер додека смесата не се изедначи. Ако смесата излезе премногу густа, додадете малку повеќе млеко. Пробајте го и додадете малку повеќе мед ако е потребно.

Поделете ја смесата во калапи за сладолед, лесно протресете ги за да нема воздух, боцнете стапчиња за сладолед (ако имате, ако не, може целата смеса да се стави во еден голем сад) и ставете ги во замрзнувач 4 до 5 часа.

Ако се со стапчиња, извадете го сладоледот од калапот такашто ќе ги ставите калапите под млаз топла вода околу 5 секунди за да можат лесно да се отстранат.

Ако пак сладоледот е во еден голем сад, тогаш повремено мешајте го, за да не фаќа кристали и за да биде покремав.

Фото: Unsplash