Сите тајни на вистинската домашна сланина

Денес на пазарот има безброј видови сланина, но месарниците и стручњаците за овој вид омилен сувомеснат производ велат дека за добра сланина пред сè е важно да се има квалитетно месо, од свињи кои се природно хранети.

0
890

Денес на полиците во продавниците може да се најде сланина со разни зачини и адитиви, но експертите нагласуваат дека во домашната сланина се става само и исклучиво кујнска сол.

Според начинот на подготовка, има разлика помеѓу чадена и солена сланина. Онаа солената е всушност малку посолено свежо месо кое се втрива и се натопува во маринада, а со варењето се продолжува рокот на траење и се отстрануваат сите бактерии.

Но, сланината која е најзастапена и најприфатена во нашите краишта е чаденото месо со богат вкус и арома, а процесот на нејзината подготовка се состои од долготрајна термичка обработка со чад.

Ако купувате сланина, внимавајте на бојата. Добрата сланина е со еднолична боја во секој дел од производот, ако кожата на сланината е чиста и со еднолична боја, имате висококвалитетна сланина. Ако купувате спакувана сланина, задолжително проверете го составот. Таа не треба да содржи засилувачи на вкус, ароми или соја, на местото на сечењето висококвалитетното месо или сланината има мазна, еднолична површина.

Како и со сè друго, така и кај сланината е важно да се внимава на цената на производот. Во овој случај, потребно е да се најде средина, ако сланината е скапа може да значи популарност на производителот, но не мора да значи дека е добар и самиот производ, всушност природната и вкусна сланина би требало да може да се купи по просечна, прифатлива цена.

Купувајте сланина со минимална листа со состојки на етикетата. Ако производот е природно чаден, неговата боја варира од светло до темно кафеава, а ако производителот користел течен чад за чадење, тогаш месото во сланината ќе биде портокалово или жолто.

Фото: Unsplash