Се откажавте од внесување јаглени хидрати и мислите дека е тоа здраво?

Диетата сиромашна со јаглени хидрати е секако една од најпопуларните во светот и повеќето луѓе кога сакаат да ослабнат се откажуваат од леб и други тестенини. Еве како овој начин на исхрана влијае на здравјето, особено на здравјето на коските.

0
460

Само некои од популарните диети кои се сиромашни со јаглени хидрати се LCHF, Аткинсовата, како и онаа стандардна протеинска диета која ја следат многумина во светот. Најновите истражувања велат дека диетата богата со протеини и маснотии и малку јаглени хидрати може да биде многу лоша за здравјето на коските, особено кај мажите.

Една студија спроведена оваа година покажала дека диетата со малку јаглени хидрати има негативно влијание врз три маркери поврзани со здравјето на коските, вклучувајќи го нивото на хормонот за раст во крвта, волуменот на коските и компонентата што спречува нов раст на коските. Истото истражување покажало дека овие резултати се особено лоши кај мажите.
Секако, тоа не значи дека жените треба да спроведуваат вакви диети, бидејќи студија објавена на престижниот Харвард покажала дека е доволно да се јаде на овој начин само два дена, за резидентните микроби да се заменат со оние што предизвикуваат воспаление. Треба да се земе предвид дека мал обем на воспаление е поврзано со голем број болести, вклучувајќи артритис, срцеви заболувања и рак. Сè што го зголемува нивото на воспалителни микроби во цревата во никој случај не е добро за долгорочното здравје.

Ако сепак размислувате да спроведете таква диета, еве на што треба да обрнете внимание.

– Секоја диета што вклучува откажување од добри јаглехидрати кои доаѓаат од зеленчукот и мешунките, не е добра за здравјето на долг рок.

– Диетата што не прави разлика помеѓу изворите на протеини, тврдејќи дека сите се еднакви и прифатливи, не е од голема вредност. Постои огромна разлика помеѓу способноста на телото да вари и апсорбира аминокиселини од различни видови протеини. Бидејќи да бидеме реални, мастите од сланина не ги нудат истите здравствени придобивки како маснотиите од авокадо, семе или риба.

– Ако размислувате за здравјето на коските, а истовремено сте и маж, диетата со низок процент на јаглехидрати сигурно не треба да биде ваш избор.

– Здравјето на цревата е тесно поврзано со здравјето на другите делови од телото. Ако го занемарите здравјето на цревата со конзумирање сирење и месо, тоа ќе влијае на вашето општо здравје.

– Дури и исхрана која се базира исклучиво на растителна основа треба да содржи мала количина протеини, месо или јаткасти плодови на ден за да се одржат стабилни нивоата на шеќер во крвта. Стабилното ниво на шеќер значи добра рамнотежа кога станува збор за енергија и расположение, и на тој начин се намалува ризикот од дебелина и многу други болести.

– Во вашата дневна исхрана, треба да се гледа јасна разлика помеѓу вистинската, целосна храна и онаа богата со хемикалии и адитиви. Избегнувајте храна како маргарин, која никој не знае како и на кој начин всушност се произведува.

– Секоја диета треба да ги содржи сите групи на намирници и не треба да ги елиминира јаглехидратите, но многу е важно да се користат здрави јаглехидрати како што се јаткасти плодови, семиња, зеленчук и мешунки, а не оние што доаѓаат од слатките, белиот ориз, шеќерот, брашното, газираните пијалоци…

Фото: Pexels