Секојдневната консумација на бадеми го намалува ризикот од срцев удар за 45%

Бадемите се богати со моно-незаситени масни киселини. Тоа се тип киселини кои ги наоѓаме и во маслиновото масло и кои се важни за спречување на срцев удар.

0
349

Бадемите се корисна и здрава намирница, која содржи голем дел од дневната препорачана количина на витамини, минерали, растителни влакна и аминокиселини.

Тие се вистинска ризница на витамини и минерали, па сто грама бадеми содржат 22 г јаглени хидрати, од кои 12 г се диетални влакна, што е 49% од потребните влакна на ден.

Освен тоа, во 100 грама бадеми наоѓаме:

140 проценти од препорачаната дневна количина манган,
75 проценти магнезиум,
60 проценти бакар,
50 отсто фосфор,
130 проценти витамин Е,
51 процент рибофлавин (Б2).

Превенција на срцев удар

Бадемите се богати со моно-незаситени масни киселини. Тоа се тип киселини кои ги наоѓаме и во маслиновото масло и кои се важни за спречување на срцев удар.

Неколку студии откриле дека дневната консумација на бадеми го намалува ризикот од срцев удар помеѓу 30 и 45 проценти.

Според овие студии, ако елиминирате дел нездрави, заситени масти од месото и млекото и ги замените со соодветни количини на корисни масти од бадемите, ризикот од срцев удар се намалува за 45 отсто.

Контрола на шеќер во крвта

Направени се неколку истражувања за да се утврди ефектот на бадемите врз нивото на шеќер во крвта.

Како што е познато, исхраната базирана на намирници, како што се шеќер и бело брашно, силно ја зголемува количината на шеќер во крвта.

Постојаното хранење со ваков вид храна е една од причините за дијабетес и дебелина.

Студиите покажале дека консумирањето 60 до 90 грама бадеми на ден го корегира ненадејното зголемување на шеќерот во крвта.

Антиоксиданси во бадемите

Денешниот нездрав животен стил создава слободни радикали во организмот.

Тие во последно време се препознаени како причина за сè повеќе болести, дури и за најтешките – малигните. За да ја намалите количината на слободни радикали и штетата што ја предизвикуваат, потребни ви се антиоксиданси.

Витаминот Е е еден од антиоксидансите што ќе ви помогне во тоа, а бадемите содржат големи количини на тој витамин.

Сто грама бадеми носи дури 131 проценти од дневно потребниот витамин Е.

Лековити дејства на бадемите

Штитат од мозочен и срцев удар,
Го регулираат нивото на шеќер во крвта,
Помагаат при киселини,
Ја подобруваат работата на нервниот систем,
Го намалуваат нивото на лош холестерол,
Ја подобруваат функцијата на мозокот,
Штитат од слободни радикали,
Го помагаат слабеењето,
Спречуваат формирање на жолчни камења
Одличен извор се на протеини, здрави масти, витамини и минерали.

Фото: Pexels