Седум придобивки за здравјето од само една конзерва сардини

Сардините, па и тие од конзерва, се богати со протеини, со витамини и минерали. Меѓу другото, нивното консумирање е особено важна за луѓето кои имаат дијабетес, метаболички синдром или други состојби поврзани со инсулинска резистенција.

0
607

Поради високата содржина на омега-3 масни киселини, протеини, витамин Б12 и селен, сардините се меѓу најмоќните чувари на здравјето. Ако се консумираат редовно, тие можат да придонесат за подобрување на целиот организам, а според експертите, конзервираните сардини имаат исто толку здрави состојки колку и свежите.
Конзервираните сардини, како и многу други морски риби се кај нас подостапни, поевтини, а нивниот рок на траење е многу подолг и, како што велат, имаат повеќе калциум отколку свежите, бидејќи коските од рибата во конзерва омекнуваат и можат да се јадат.

Ако веќе се одлучите за конзервирани сардини, изберете ги оние што се во маслиново масло, а не во сопствениот сок затоа што имаат повеќе омега 3 масни киселини. Маслото помага да се зачуваат хранливите материи во рибите, за разлика од водата.

Инаку, сардините се богати со протеини, што може да се спореди со количината содржана во месото, имајќи предвид и дека рибните протеини многу полесно се поднесуваат и подобро се апсорбираат. Покрај макронутриентите, тие се богати и со витамини и минерали, како витамини од групата Б, кои обезбедуваат нормално функционирање на нервниот систем, витамин А, витамин Д и калциум, кои во комбинација влијаат на зачувување на коските, железо и помали количини на фосфор, магнезиум, јод и селен. Она што ги издвојува сардините на посебно место е високото ниво на омега 3 масни киселини, кои го намалуваат нивото на холестерол и позитивно влијаат на здравјето на кардиоваскуларниот систем.

И уште една добра вест за оние кои се приближуваат до педесеттите години – сардините можат да помогнат да го спречите губењето и слабеењето на видот.

Ги издвоивме седумте најважни придобивки од сардините.

1. Богати се со омега 3 масни киселини

Сардините се еден од најдобрите природни извори на есенцијални омега-3 масни киселини во светот. Тие исто така содржат EPA и DHA, два вида на есенцијални масни киселини кои телото ги користи за да го намали воспалението, што резултира со подобрување на здравјето, подобра функција на мозокот и помал ризик од хронични болести.

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето храна како сардини која е богата со омега-3 масни киселини може да помогне во лекување на нарушувања на расположението, како што се депресија и анксиозност.

Тие исто така имаат корисен ефект врз здравјето на срцето и докажано е дека го намалуваат нивото на холестерол и триглицериди.

2. Го зачувуваат здравјето на коските

Поради големата количина на калциум, сардините можат да ви помогнат да го одржите здравјето на коските.

3. Го зачувува здравјето на тироидната жлезда

Селенот и јодот се во синергија и се основен состав на сардините. Селенот е неопходен за добро функционирање на тироидната жлезда.

4. Му обезбедуваат на организмот доволна количина на витамин Б12

Недостатокот на витамин Б12 може да предизвика симптоми како што се оштетување на нервите, нарушена ментална функција, тешкотии во снабдувањето на клетките со кислород и хроничен замор. Со редовно консумирање сардини, ќе го надоместите недостатокот на овој витамин, што е клучно за правилно функционирање на целиот организам.

5. Го намалуваат апетитот

Тие се многу хранлива храна што ќе ви овозможи чувство на ситост до неколку часа.

6. Го контролираат нивото на шеќер во крвта

Сардините се полни со здрави масти и протеини, кои делуваат на забавување на апсорпцијата на шеќерот во крвта. Комбинирањето на храна богата со протеини и маснотии, како што се сардините, со јаглехидрати, може да го забави ослободувањето на гликоза (шеќер) во крвта, со што помага при наглите осцилации на шеќер.

Потрошувачката на сардини е особено важна за луѓето кои имаат дијабетес, метаболички синдром или други состојби поврзани со инсулинска резистенција.

7. Го подобруваат изгледот на кожата

Масните киселини од сардините играат голема улога во здравјето на кожата. Тие ги олеснуваат воспалителните процеси на кожата и ѝ даваат здрав сјај.

Фото: Pexels