Седум најевтини намирници кои спаѓаат во суперхрана

Да се храните здраво и да бидете полни со енергија не е секогаш скапо ниту комплицирано. Погледнете кои се тие евтини намирници кои се наоѓаат на листата на суперхрана

0
1055

Најчесто употребуваниот изговор на луѓето кои не се хранат здраво е дека е тоа скапо и комплицирано. Но дали е тоа навистина така?

Еве неколку намирници кои не се ниту скапи ниту комплицирани за правење, а ќе ви помогнат да свртите нов лист и да почнете да внимавате што јадете.

Грав – една порција грав содржи 7 грама влакна, што е четвртина од препорачаната дневна доза и 7 грама протеини.

Јајца – тие се природен извор на високо-квалитетни протеини. Јајцата содржат и антиоксидант лутеин и зеаксантин, кои се добри за видот.

Банани – само една голема банана ги задоволува вашите дневни потреби за овошје, а освен тоа е и одличен извор на потасиум, влакна и витамини Ц и Б6.

Компири – намирици кои, за среќа, најчесто се консумираат во домаќинствата. Овие намирници се исто така добар извор на растителни влакна, калиум и витамин Ц.

Јогурт – Овој напиток е богат со калциум и протеини. Земајте поголеми пакувања (од 1 литар) за да не направите многу ѓубре со пластичните чаши. Јогуртот можете да го користите и во различни комбинации со овошје.

Тестенини и ориз – евтини и здрави намирници кои може да ви помогнат брзо да направите добра вечера од преостанатиот ручек.

Фото: Pixabey