Свеж или замрзнат: Грашок, брокула, мелено месо, малини…

Не мора да е секогаш точно дека свежите намирници се секогаш подобри од замрзнатите. Понекогаш тие се склони кон расипување, за разлика од замрзнатите кои пак понекогаш можат да имаат и повеќе нутритивни вредности отколку свежите намирници.

0
857

Ниските температури ќе го спречат брзото расипување на сите намирници, а ќе ви дозволи да ги консумирате и надвор од сезоната. Поради ова, но и од други причини, некои намирници се подобри замрзнати, отколку свежи, наведува onhealth.com.

Зрнесто овошје

Малините, јагодите и боровинките се слатко летно овошје, но неретко се случува брзо да се расипе, дури и додека е сѐ уште на полиците во продавница. Од друга страна, замрзнатото овошје не може да фати мувла и ќе биде спремно за консумирање дури и кога сезоната ќе заврши.

Грашок

Замрзнатиот грашок содржи повеќе нутриенти од свежиот, а причината за тоа е тоа што свежиот грашок ги губи витамините и минералите за неколку часови или денови откако е собран. Замрзнатата верзија е набрана, подготвена и замрзната во моменти кога нутритивната вредност на грашкот е најголема.

Брокула

Нутритивната вредност на брокулата не се менува со замрзнувањето, но свежата брокула набрзо станува бледа и овената. Замрзнатата пак останува свежа со недели.

Мелено јунешко

Меленото јунешко се расипува побрзо отколку цело парче месо затоа што таквото месо е поизложено на кислород. Во тој облик месото е поизложено и на бактерии кои забрзано се множат додека замрзнатата варијанта не дозволува настанување на бактерии.

Манго

Клучен проблем при изборот на манго е неговата кратка состојба на совршена зрелост. Но прехранбените компании знаат кога е најдобро време да се набере овошјето и да се замрзне, па затоа и замрзнатата верзија на мангото е многу подобар избор од свежата.

Фото: Pixabey