Само една состојка е доволна за да го омекнете месото

За да може вашето месо да биде совршено меко, а не тврдо и жилаво - ви треба само киви.

0
968
Фото: Unsplash

Сите барем еднаш сме доживеале месото што сме го подготвиле да не биде меко, туку жилаво. А во тоа не ни помогнала ниту маринадата.

Доколку сакате парчето свинско или говедско месо што сте го подготвиле да се топи во уста, обидете се со едноставен трик со киви, благодарение на кој месото ќе биде исклучително меко. Сè што треба да направите е да го обложите месото со тркалца киви и да го оставите да отстои малку пред да го готвите. Како маринирање.

Имено, кивито содржи протеолитички ензими кои помагаат во разградувањето на сврзното ткиво во месото, што го прави многу меко. Ако го ставите месото во маринада, направете сè според планираното и на крајот, еден до два часа пред подготовката додадете и исечено киви.

Исто така, важно е вашето месо да не е премногу долго покриено со киви, за да не стане премногу меко и да се распадне при подготовката.

Сличен ефект на месото има и ананасот, па наместо киви можете да го користите ова тропско овошје.

Фото: Unsplash