Сакате да ја победите поспаноста по јадењето?

За да не се чувствувате уморни по јадењето, растворете една лажица органски јаболков оцет во чаша вода и испијте ја непосредно пред јадење.

0
225

Дали ви е познато она чувство на поспаност што ве обзема после обилен оброк? Се чувствувате како да немате трошка енергија и само размислувате како да си легнете и да дремнете? Ова е проблем што им е познат на многумина, но малкумина знаат дека за ова постои прилично едноставно решение.

Јаболковиот оцет има бројни здравствени придобивки, меѓу другото може да дејствува и како пробиотик. Јаболковиот оцет е дериват од ферментиран сок од јаболко, па како и другите ферментирани намирници може да содржи бактерии кои го подобруваат здравјето на цревата и одржуваат уредно варење. Сепак, треба да се има предвид дека својства на пробиотик има само непастеризираниот јаболков оцет кој содржи ензими, протеини и споменатите пробиотици. Значи, со пастеризацијата ги снемува пробиотските својства на јаболковиот оцет.

Јаболков оцет може да биде и помагач при слабеење, но ако одлучите да се обидете да изгубите тежина со јаболков оцет, не консумирајте повеќе од две лажици на ден. Премногу јаболков оцет може да го иритира желудникот, но и да го уништи емајлот на забите и да го оштети хранопроводот.

Покрај тоа, јаболковиот оцет нè исполнува со енергија благодарение на калиумот и ензимите што ги содржи. Додадете малку оцет во чаша вода и испијте. Може да го пиете и за време на вежбање за да бидете помалку исцрпени. Аминокиселините во оцетот спречуваат акумулација на млечна киселина по вежбањето.

Моќта на алкохолниот оцет му е добро позната и на почитуваниот киропрактичар д-р. Алан Мандел од Флорида, кој редовно објавува корисни совети за здравје и подобар квалитет на живот на својата страница Motivationaldoc, како и инспиративни и мотивирачки цитати за среќен живот.

Тој се осврнал и на чувството на поспаност и замор по поголем оброк, што на многумина им е добро познато. Мандел објаснува дека ова се случува затоа што по обилниот оброк, нивото на гликоза или шеќер нагло се зголемува, а потоа брзо паѓа, а не може да се одржи изедначено ниво на шеќер во крвотокот.

За да не се чувствувате уморни, тој советува да се напиете малку органски јаболков оцет пред јадење, поточно, растворете една лажица оцет во чаша вода и испијте ја непосредно пред јадење. На овој начин ќе ги одржувате нормалните нивоа на гликоза и инсулин, а тоа ќе овозможи шеќерот полека да се апсорбира во клетките.

Доколку сакате да се чувствувате добро и да имате многу енергија, пред најголемиот оброк во денот, испијте една чаша вода со алкохолен оцет и ќе почувствувате одлични резултати.

Фото: Pixabay