Сакате да си направите домашен грчки јогурт?

Ако постојано го среќавате во рецептите, а не знаете како да го направите сами, еве еден лесен начин.

0
731

Грчкиот јогурт спаѓа во една од најхранливите намирници и состојки кои придонесуваат за подобро здравје. Од обичниот јогурт се разликува по кремастата текстура и по начинот на приготвување.

Тој го поттикнува слабеењето, ги јакне коските, го намалува притисокот, ја подобрува дигестијата.

Овој млечен производ прави чуда за вашиот систем за варење, а со тоа го поттикнува слабеењето, поради своите состојки го намалува крвниот притисок, а го поднесуваат и лица кои се чувствителни на лактоза.

Тој содржи:

40% помалку шеќер, 38% помалку натриум, двојно повеќе хранливи протеини, за разлика од обичниот јогурт!

Секое лажиче обезбедува порција енергија и здравје на системот за варење затоа што содржи пробиотици, на коските, затоа што содржи висок процент на калциум, магнезиум, фосфор, калиум и протеини, го регулира крвниот притисок такашто со 2-3 порции дневно, во организмот се внесува доволно калциум, магнезиум и калиум, ја регулира телесната тежина затоа што протеините кои ги содржи долго се дигестираат, а на тој начин ве држат сити подолго време.

Докажано е дека лицата кои се чувствителни на лактоза, можат да консумираат 250 мл млеко во оброк, што изнесува 12 грама лактоза.

А еве и едноставен начин како да си направите домашен грчки јогурт.

Потребна ви е цедалка, газа и 1 литар полномасен јогурт.

На тенџере или на поголем сад ставете ја цедалката, преку неа ставете густа газа која барем еднаш сте ја превиткале, па потоа истурете го јогуртот.

Прекријте со проѕирна фолија и ставете во фрижидер каде треба да отстои 10 часа. После ова време во газата ќе остане грчкиот јогурт, додека во садот ќе остане исцедена здравата сурутка.

 Домашниот јогурт искористете го за приготовка на бројни специјалитети, а сурутката можете да ја пиете.

Фото: Pexels