Рожата, директно од кујната на Кармен

Во својот состав и начин на подготовка, рожатата не се разликува премногу од крем карамел, па можеме да кажеме дека зборуваме за истиот десерт што низ историјата го присвојувале различни народи и му давале свое име.

0
324

Рожата е традиционален далматински десерт, некои велат дека е гордост на далматинското слаткарство. Во Дубровник се вика розата, а на некои места рожада.
Всушност, станува збор за традиционален далматински пудинг.
Во својот состав и начин на подготовка, не се разликува премногу од крем карамел, па можеме да кажеме дека зборуваме за истиот десерт што низ историјата го присвојувале различни народи и му давале свое име.

Секако, голема улога има и атмосферата во која го консумирате.

Ние испробавме рожата од кујната на „Кармен“, најдобрата слаткарница во Хвар, од која локалните жители ги нарачуваат тортите и колачите за сите свои семејни прослави и големи празници.

Секако, оваа доза во нашиот рецепт е прилагодена за домашна изработка на помала количина од овој традиционален далматински десерт.

Состојки:

1/2 л млеко
6 јајца
6 лажици шеќер,
2 кесички ванилин шеќер
кора од непрскан лимон
По желба: неколку капки ликер од рози

За карамелот:

200 г шеќер

Приготвување:

Измешајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер со млекото, доведете го до вриење и тргнете го настрана да се излади.
Изматете ги јајцата и измешајте ги со разладеното млеко, изрендајте ја кората од лимон и додадете (по желба) неколку капки ликер од роза.
Растопете го шеќерот (200 грама) до фаза на карамелизација (внимавајте да не ви загори). Внимателно истурете го по страните од садот во кој ќе се пече рожатата и оставете да се излади.
Истурете ја смесата со јајцата во садот со карамела и истиот сад ставете го во голем сад со вода, односно во водена бања.
Се разбира, можете да ја печете рожатата и во помали калапи, така што секој да содржи количина за едно лице. Во тој случај, секој од тие клапи прелијте ги прво со карамелот.
Ставете ја рожатата во загреана рерна на 150°C околу 45 минути.
Кога ќе се олади, одделете ја од ѕидот на садот за печење со тенок нож, ставете чинија врз садот, притиснете и превртете.
Конечно, поросете со уште неколку капки ликер од ливчиња од роза.